за

Volkswagen и Mahindra ќе произведуваат електрични автомобили во Индија

Концернот Volkswagen потпиша договор со Mahindra за испорака на компонентите од платформата MEB, коишто ќе се користат за новата фамилија СУВ-модели за индискиот пазар.

Двете компании воедно ќе работат и на изнаоѓање можности за искористување на останатите потенцијали што ги нуди индискиот пазар во подрачјето на електромобилноста. Покрај електрични автомобили, Volkswagen и Mahindra ќе работат и на мрежата од полначи, како и производство на енергија. Се планира и батериски ќелии да се произведуваат во Индија.

Mahindra денес првпат ги прикажа пред јавноста новите СУВ-модели со електричен погон, како средишен дел од настанот „Born EV Vision“, којшто се одржуваше во Банбури, Велика Британија. Електричните СУВ-модели на индиската компанија ќе ја користат новата платформа INGLO, којашто во најголем дел се базира врз компоненти од MEB-платформата за електрични возила на Volkswagen. Погонската спрега и батерискиот систем ќе ги испорачува Volkswagen.

Со договорот се утврдуваат комерцијалните и техничките услови, а се предвидува и локално производство на батерискиот систем. Конечниот договор ќе биде утврден до крајот на годинава.

Томас Шмал, директор за техниката во концернот Volkswagen и прв човек на Volkswagen Group Components, изјави по овој повод: „Volkswagen и Mahindra заедно можат да придонесат во голема мерка за електрификацијата на Индија, којашто е огромен автомобилски пазар со високи амбиции за заштита на климата. MEB и нејзините компоненти во светски рамки се клуч за ценовно достапна, одржлива мобилност.“

Раџеш Жежурикар, извршен директор во секторот за автомобили и земјоделски машини во Mahindra & Mahindra Ltd., коментира: „Нашата нова платформа INGLO е развиена посебно за е-мобилноста и нуди ненадминат потенцијал за раст и за наменски развој на нашите нови и иновативни производи – не само за Индија, туку и за глобалните пазари.“ Визија на индискиот гигант е да ја предводи револуцијата во електромобилноста во земјата, со тоа што ќе нуди електрични СУВ-модели што носат печат на регионот и се опремени со врвна технологија. Испраќањето на оваа порака беше воедно и главната цел на големиот настан што се одржа во Велика Британија.

Со три милиони нови автомобили што се регистрираат секоја година, Индија е меѓу петте најголеми автомобилски пазар во светот. Покрај Кина, тоа е единствениот регион во светот, што во првото полугодие во 2022 бележи раст во продажбата на возила. Во следните години дополнително ќе се засилува електрификацијата во подрачјето на патничките автомобили.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Сите модели со чисто електричен погон што се во редовна понуда во автомобилските претставништва и во дилерската мрежа во Македонија можете да ги погледнете во нашиот онлајн каталог Автосалон.МК

Inventory

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Екс-шефот на Opel ќе раководи со марката електрични камиони Nikola

Aston Martin од наследството на Сер Шон Конери се продава за милионска сума