Екс-шефот на Opel ќе раководи со марката електрични камиони Nikola

Како што соопшти компанијата Nikola, од 1-ви јануари 2023 година, Лошелер дополнително ја презема и функцијата на извршен директор. Досегашниот извршен директор и претседател на корпорацијата Nikola, Марк Расел, заминува во пензија, но останува во управниот одбор.

Лошелер го менаџираше почетокот на сериското производство и испораката на првиот електричен камион на Nikola, којшто се води под моделската ознака Tre BEV. Со полна батерија, камионот од тешка категорија минува до 560 километри.

Вториот модел е Tre FCEV, тоа е камион со горивна ќелија, што користи водород како погонско гориво, и неговиот досег ќе биде над 800 километри. Камионот со погон на водород е подготвен за сериско производство и го чека стартот. Двата модели не се замислени како камиони за долги релации, туку како возила со нулта емисија на штетни материи за достава на товар од и до големите пристаништа.

Третиот модел е Two FCEV, којшто се планира да стартува со сериско производство во 2024 година и првенствено ќе се пласира на пазарот во Северна Америка. Овој модел, што исто така користи водород, веќе ќе одговара за транспорт на долги релации, со досег до 1.450 километри. Производството на возилата ќе се одвива во Аризона и во Улм, во фабриката на Iveco во германската сојузна покраина Баварија.

Лошелер, човек што има истрчано повеќе од 100 маратони, во неговото време во Opel постигна компанијата повторно да ги пишува деловните биланси со црни бројки. Цела деценија, денес единствената германска марка во концернот на Peugeot и Fiat, работеше со загуба. Претседателот на управниот одбор на Nikola, Стив Гирски, говори за постигнувањата на Лошелер: „Во шесте месеци по неговото доаѓање во нашата компанија, Михаел донесе поголема ударна моќ, побрзо темпо и подобра комуникација.“

Батерија од 420 kWh и електромотор од 400 kW за Mercedes eActros

Претходна објаваC5 X е големата лимузина што е достојна да биде Citroen
Следна објаваVolkswagen и Mahindra ќе произведуваат електрични автомобили во Индија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here