за

Ромен Дума: „Електричниот Volkswagen ID R е побрз во свијоци од GT-болид“

volkswagen id. r нирбургринг

Пропагандата на Volkswagen за електричниот погон е пуштена на најгласно. Тркачкиот ID. R го има Нирбургринг како нов предизвик, откако лани постави рекорд во сосем друга категорија, на Пајкс Пик. Кусо, кратенката ID. R е на пат да стане „TDI“ на новото време

Volkswagen со својот електричен погон моментно е посветен на иконата на мотоспортот, на Нирбургринг. Фабричкиот возач Ромен Дума ги извозе првите брзи кругови на славната тркачка патека. Со тоа е одбележан почетокот на процедурата на тестирање и оптимирање, што германскиот гигант очекува на крајот да му донесе рекорд за електрични возила на патеката долга 20,832 километри.

Дотерувањата на подвозјето на Volkswagen ID. R за предизвикувачкиот курс, што Џеки Стјуарт своевремено го нарече „Зелен пекол“, извршени се по обемна серија компјутерски сумулации. Инженерскиот тим веќе има стекнато солидни искуства околу работата на погонската спрега со 680 КС, откако претходната верзија на ID. R лани постави рекорд на Пајкс Пик, најпредизвикувачката „ридска“ патека во светот.

Крајниот збор сепак му припаѓа на фабричкиот возач Ромен Дума: „ID. R постигнува многу повисоки брзини во свијоците отколку тркачките автомобили од GT-класата. Моментно работиме најмногу на дотеруивањето на амортизерите и растојанието од подлогата според оваа единствена патека.“

Volkswagen ID. R е своевиден амбасадор на идното моделско семејство од возила со електричен погон. Планот е ловот на рекорди да се одржи во текот на летово.

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes kamioni 750k ckd

Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“

Исланд камп приколка изнајмување

Бизнис-идеја од Исланд: Изработи мини-приколки и изнајмувај