за

Сé е по план со Golf VIII, производството започнува во третиот квартал

Volkswagen Golf VIII najava

Неколку светски влијателски портали пуштија лажна вест дека Volkswagen Golf VIII ќе задоцни со својата важна премиера, поради проблеми при развојот. Шефот за развој, Др. Франк Велш, уверува дека сé е според план и се чека сериското производство да стартува во третиот квартал од годинава.

Првиот човек во развојот во Volkswagen, др. Франк Велш, одговори на медиумските објави околу наводното доцнење со подготовките за новиот Volkswagen Golf. Пред маскиран примерок од осмата генерација на класичарот меѓу компактите, тој испрати порака до медиумите: „Сé е според план!“ Со коментар се надоврза и др. Ролф Целер, директор за развој на електрониката и електриката: „Уште првите купувачи ќе можат да ги нарачаат сите опции.“

Моментно е во тек претсериското производство. Во третиот квартал се планира и стартот на сериското производство. Светската премиера ќе биде во октомври, во „домашниот“ Волфсбург. Првите континтенти од Golf VIII треба да се испорачаат уште во текот на годинава.

Три мотори од старт, задолжително 1,5 TSI со автоматско исклучување на два цилиндри, но и благ хибридво комбинација со 48-волтна мрежа и стартер алтернатор

Во почетокот ќе бидат достапни три мотори: 1,5-литарски TSI, дволитарски TDI и благ хибрид во комбинација со 1,5-литарскиот бензинец. Тоа е различно од досегашната класика, затоа што изведба со благ хибриден погон се нуди уште од старт.

Многу посуштински промени следат во електрониката. Волфсбург уште не ги открива новите можности со коишто ќе располага осмата генерација на Golf и коишто ќе произлегуваат од напредната електроника, но наведува еден пример, поточно споредба. Софтверот на новиот Golf се состои од 100 милиони редови код. Најсовремениот борбен авион на американската воена авијација, F35, заостанува далеку со своите 20 милиони редови код.

New item by Automedia MK / Google Photos

Единствено нема неизвесност околу изгледот. Golf VIII ќе изгледа слично како претходникот, кој изгледа слично како претходникот, и сé така до средината на 1970-те години, до првиот Golf. Меѓуоскиното растојание не се менува, што значи дека и должината на каросеријата ќе остане слична со „седумката“.

Во кокпитот ќе се случи веројатно најголемата стилска пресвртница во историјата на Golf

Внатре е веќе друга приказна, и тоа, почнувајќи уште од возачкото место и од арматурната табла. Golf VIII го напушта класичниот стил и добива арматурна табла со елегантен лак по целата ширина на кокпитот, со средишен дисплеј од 20 инчи во врвната изведба. Над средишната конзола постои и втор дисплеј, исто така со голем пречник и издвоен од кокпитот.

Под конзолата се наоѓа прекинувач во замена за класичниот бирач кај автоматскиот менувач. Новиот Golf ги менува степените преку електронска врска, односно Shift-by-Wire. Тоа овозможува и целосно автоматско паркирање – паралелно или попречно – затоа што отпаѓа потребата од ракување со бирачот на менувачот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Велш открива дека Golf VIII ќе има најнизок отпор на воздух во компакт класата. Диодните предни светла ќе бидат стандард, а со доплата ќе се добиваат матрични диодни светла, амбиентално внатрешно и надворешно осветлување. Покрај изведбата со плаг-хибриден погон ќе се нуди и нова плагин-изведба, којашто кај актуелниот модел ја носи ознаката GTE. Напредок има и во автоматското возење, односно во системите за асистенција: IQ-Drive заедно со Travel Assist, радарски темпомат што предвидува, како и комуникација меѓу возилото и инфрастуктурата (на пример, со семафор и други уреди со техника Car2X). Систем за следење лента и самостојно запирање при опасност од судир, со распознавање пешак и велосипедист, ќе бидат вклучени во сериската опрема.

Нема смислување нови концепти на ракување, во Golf VIII ќе се ракува исто како што светот секојдневно ракува со мобилните телефони и таблетите

Стратезите во VW решија да не го чекаат мобилниот стандард 5G, туку да се ориентираат на постоечката техника, односно на WLAN-B. Ракувањето во кокпитот ќе биде по пример на тоа што денес секој го прави – со паметниот телефон или таблетот: Лизгање, влечење, типкање, зборување. Сé може да се конфигурира по сопствена желба и корисникот сам да го избере тоа што смета дека е најдобро.

Наспроти овие изведби со врвна технологија, во основниот модел ќе се нуди поедноставна варијанта со две копчиња. Иако остануваат многу детали да се дознаат до и по премиерата во октомври, веќе е јасно тоа што повеќепати го посочувавме досега: Новиот Golf ќе биде високотехнолошки претставник во компакт класата, практично премиум модел. Директно покрај Golf ќе има втор модел – првиот претставник од семејството модели со електричен погон, ID One. Едно нешто нема да се смени: Голем број купувачи и натаму ќе ја избираат најосновната изведба на Golf, без сета висока технологија. Од навика.

Ромен Дума: „Електричниот Volkswagen ID R е побрз во свијоци од GT-болид“

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Како да наместиш електричните автомобили да бидат валкани пред обичните

lexus nx производство канада

Канада почнува со производство на Lexus NX во 2022 година