за

Volkswagen Golf Sportsvan: Golf со додадена практична вредност

VW Golf Sportsvan

Моделската изведба на Golf со повишен покрив отсега се вика Sportsvan и настапува со поубедлив имиџ од едноставниот Golf Plus. Продажбата ќе стартува на средината на 2014.

Новата генерација на Golf со „додадена практичност“ повеќе не се вика Plus, туку Sportsvan. Промената на името оди во чекор со промената на ориентацијата на моделот. Sportsvan ќе вози подинамично и ќе изгледа подинамично од претходникот Golf Plus. Исто како актуелниот Golf, основата на возилото ја сочинува модуларната платформа, со сите предности што таа ги нуди во поглед на динамиката на возење, комфорот и штедливоста.

vw golf sportsvan 2

Меѓуоскиното растојание е поголемо за 10 сантиметри и изнесува 2,685 метри, а соодветно се зголеми и должината на 4,33 метри, со тоа што предниот превис на каросеријата е скусен, а задниот продолжен. Блискоста со Golf е очигледна и во кокпитот. Разликите се во тоа што екранот на допир е поставен повисоко во спортскиот ван, а покрај него се отворите за проветрување со различен дизајн.

Како целна група за Golf Sportsvan се замислени купувачите кои што бараат простор за семејството и за слободното време, но не сакаат класичен ван од типот на Touran. Тоа се забележува и во дизајнот на каросеријата, со линијата на покривот што се спушта наназад и со закосеното задно стакло.

vw golf sportsvan 3

Квалитетите на ван се огледуваат во седењето на повисоко и во зголемената варијабилност на кабината. Задната клупа се мести по должина за 18 сантиметри, а максималниот волумен на багажникот се зголеми за 50 литри и изнесува 1.512 литри. Стандардната големина на багажникот е 498 литри.

Вообичаено, VW Golf Sportsvan се нуди во нивотата на опрема Trendline, Highline и Comfortline. Уште во основното ниво се добива контрола на притисокот во сопирачките, електронска паркирна сопирачка, екран на допир од пет инчи, приспособлив под на багажникот и соборување на задната клупа директно од просторот за багаж. Sportsvan е првиот модел во семејството на Golf за кого што сто и на располагање опција за греење на воланот.

На стартот на продажбата во средината на следната гдоина, VW Golf Sportsvan ќе биде достапен со шест мотори со емисија според Euro 6. Бензинците имаат моќност од 85, 110, 125 и 150 КС, додека дизелите имаат 110 и 150 КС. Со исклучок на најслабиот бензинец, сите мотори може да се комбинираат со менувач со двојна спојка DSG. Понудата на помошни и безбедносни системи е идентична со обичниот Golf. Новитет е сензорот за надгледување на мртвиот агол кој што помага при промена на лента и при излегување од паркинг. Цените за моделит уште не се познати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Луд рекорд: Круг околу Менхетен за 24 минути

Mazda 3: Маратон од 15.000 километри од Хирошима до Франкфурт