за

Луд рекорд: Круг околу Менхетен за 24 минути

Возач од Њујорк е горд на тоа што го има извозено Менхетен за рекордно време со неговиот BMW Z4 и го документира тоа со видео. Граѓаните се во паника.

Тој се нарекува Афродак и сцената на адреналинските зависници во градот го гледа како херој. За сите други, тој е само лудак зад воланот. Неговиот идентитет во меѓувреме е познат. Станува збор за 30-годишниот Кристофер Адам Танг, сопственик на BMW Z4 и на бизарниот рекорд. Кристофер, алијас Афродак го извозе Менхетен за 24 минути и 7 секунди. Како доказ служи неговото видео на Youtube.

Времето од 24 минути за пат од 42 километри и просечна брзина од 106 километри на час не звучи импресивно ако се спореди со тркачка патека. Но, тука се работи за Њујорк, за градот што никогаш не спие, па ниту на 26-ти август, кога е снимено видеото. Афродак не возеше на затворена патека, туку во нормален сообраќај. Во следната натпреварувачка сезона ќе се вози трка од формула 1 во мегалополисот – на неговото видео, лудиот аматерски тркач веќе покажа како би изгледала идеалната линија на патеката низ градот.

Но, Кристофер можеби и не е толку луд. На снимката се гледа како тој примерно запира на шестте семафори и чека да се пушти зеленото светло. Како што тој изјавува за порталот Јалопник: „Брзото возење не мора да биде безобзирно.“ Секако дека полицијата не се одушеви од возачката умешност и по прегледот на снимката се впушти во потера. На снимката јасно се гледаат регистерските таблички на спортскиот автомобил.

Илегалните трки имаат долга традиција во САД. Трката кенонбол што се вози од Источниот до Западниот брег прерасна во мит и за неа е снимен и филм. Првиот рекорд околу Менхетен го постави извесен Алекс Рој, на кого во 2001 година му беа потребни околу 27 минути. Пред две години беше поставен нов рекорд, 26 минути. На интернет може да се најде снимка од обете рекордни возења. Афродак ја изврши неговата мисија и сцената долго ќе го помни. Полицијата во меѓувреме го заплени неговото BMW и му поднесе пријава за еден куп сообраќајни прекршоци.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen во офанзива со хибриди и со погон на струја

Volkswagen Golf Sportsvan: Golf со додадена практична вредност