за

Работничкиот совет на Volkswagen реагира за фабриката во Турција

volkswagen fabrika emden

Поради воените дејствија на Турција во северниот дел на Сирија, влијателниот работнички совет на Volkswagen евентуално ќе ја блокира изградбата на турската фабрика.

Поради воената офанзива на Турција против курдската милиција YPG во северниот, односно североисточниот дел на Сирија, работничкиот совет на Volkswagen, евентуално ќе ја блокира планираната изградба на нова фабрика за повеќе марки во Турција.

Според агенцијата „Bloomberg“, застапниците на работниот персонал ќе одбиваат да гласаат за издвојување средства за изградбата се’ додека Турција се обидува да ги реализира своите политички интереси со војна и насилство. Шефот на работничкиот совет и член на надзорниот одбор Бернд Остерло ја даде оваа изјава за фабричкиот гласник.

Откако започна конфликтот во минатиот месец, Volkswagen го одложи донесувањето на конечната одлука за локацијата на новата фабрика. Кусо пред тоа веќе беше донесена одлука во корист на Турција, каде што германскиот концерн препозна подобри услови, отколку во Бугарија, којашто исто така беше во трка.

Volkswagen уште не се откажува од изборот на Турција како локација за фабриката

Со планот се предвидува изградба на фабрика во Маниса, близу Измир. Volkswagen ќе инвестира 1,2 до 1,5 милијарда евра, додека уште една милијарда ќе вложат добавувачите. Се очекува отворање на 4.000 работни места. Во фабриката треба да се произведуваат 300.000 автомобили годишно.

Премиерот на Долна Саксонија и член на надзорниот одбор во Volkswagen, Штефан Вајл, кусо по почетокот на воените дејствија изјави дека е „незамисливо Volkswagen во овие услови во Турција да преземе инвестиција вредна милијарди.“ Тој се надева дека ситуацијата во Турција ќе се нормализира за кусо време.

volkswagen fabrika cvikau id3
Фабриката на Volkswagen во Цвикау, Германија

Volkswagen не се откажува од првичните планови да ја изгради фабриката во Турција. Шефот за производство во Volkswagen, Андреас Тостман, изјави: „Моментно не доаѓа предвид планирање алтернативни локации.“ Производството може привремено да се распореди во останатите фабрики на концернот. Фабриката во Турција требаше да започне со производство во октомври 2022 година.

На застапниците на работниот персонал им припаѓаат половина од местата во надзорниот одбор на Volkswagen. Тие соодветно располагаат со право на вето. Одборот ќе се состане во средината на ноември, заради разгледување на планираните инвестиции.

Volkswagen Passat и Skoda Superb ќе пристигаат од Турција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage

Kia продаде 250.000 возила во октомври, Sportage бестселер

лизинг автомобили австрија

Половина од новите автомобили во Австрија се возат под лизинг