Следната генерација на купе-лимузината на Volkswagen ќе биде позиционирана повисоко, ќе добие поголеми мотори и ќе ја покрива празнината меѓу моделите Passat и Phaeton.
Идниот Volkswagen CC ќе добие нов шестцилиндарски мотор, којшто ќе биде компатибилен со архитектурата на модуларната платформа MQB. Новиот мотор VR6 ќе располага со работна зафатнина од три литри и директно впрскување, а за првпат ќе поседува и турбонатполнење. Овие мотори се особено популарни во Кина и во САД.
Преоѓањето во повисоката класа ќе се рефлектира и во изгледот на CC, со поголем нагласок на купеовската форма на каросеријата. Со должина од 4,87 метри и меѓуоскино растојание од 2,84 метри, идниот CC ќе биде поголем во споредба со актуелниот модел.
Пазарните аналитичари предвидуваат зголемување на продажбата во сегментот на големите купе-лимузини и централно место за новиот CC. Според процените, пазарот за овие модели ќе достигне околу 220.000 примероци во 2018 година, во когошто Volkswagen CC ќе учествува со преку 100.000 возила, додека серијата 4, моделот GT во серијата 3 на BMW и Audi A5 Sportback ќе постигнуваат годишна продажба од по 40.000 примероци.
















