за

Volkswagen ја претвора фабриката во Јужна Африка во клиника

Volkswagen ја претвора фабриката во Јужна Африка во клиника
Volkswagen ја претвора фабриката во Јужна Африка во клиника

Во соработка со германските власти, Volkswagen ќе ја пренамени својата фабрика во Порт Елизабет, Јужна Африка, во клиника за корона со 4.000 лежаи. Фабриката не се користи од крајот на 2019 година и требаше да се продава.

Со поддршка од германските власти, Volkswagen ја пренаменува старата фабрика во Јужна Африка во клиника за корона. Некогашните производствени хали се доволно големи за медицински капацитет со 4.000 болнички лежаи.

Првиот дел од клиниката со околу 1.400 лежаи ќе биде завршен за шест до седум недели. Потоа клиниката ќе се проширува, зависно од потребите. Volkswagen не ја користи фабриката со површина од 66.000 метри квадратни од крајот на минатата година и ја подготвуваше нејзината продажба. Јужноамериканското министерство за јавни работи и инфрастуктура досега нема наидено на ваков случај во целата вонредна ситуација околу корона-кризата.

„Или заеднички ќе го победиме корона-вирусот во целиот свет или воопшто нема да го победиме“

Пренамената ја финансира германското министерство за економска соработка и развој, со причина. „Или заеднички ќе го победиме корона-вирусот во целиот свет или воопшто нема да го победиме“, изјави германскиот министер Герд Милер. „Доколку не постапуваме глобално, вирусот во бранови ќе се врати во Германија и во Европа.“

Со 7.220 потврдени случаи, Јужна Африка има повеќе заболени лица од Ковид-19 од која било друга земја на африканскиот континент.

https://www.instagram.com/p/B_RUkMOKScE/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот

Ferrari на берза вреди повеќе од General Motors

Suzuki Jimny Pickup - David Johnson

Suzuki Jimny во пикап-изведба, дело на еден и единствен човек