Volkswagen произведе половина милион електрични ID-модели

Volkswagen јавува дека повеќе од 135.000 електрични автомобили се нарачани и допрва треба да влезат во производство. Тоа е радосната, а во исто време и нерадосна вест. Доколку целата автомобилска бранша не се соочуваше со недостиг од чипови и нередовност во логистиката од најразлични причини, Volkswagen досега ќе произведеше далеку над половина милион чисто електрични автомобили од семејството ID.

Стратегијата на Volskwagen за преоѓање во ерата на електричните автомобили врви одлично, па дури и подобро од очекуваното. Една година порано од предвидувањата, VW го произведе 500-илјадитото ID-возило со 100% електричен погон. Во октомври 2020 година, се прославуваше испораката на првиот автомобил од тогаш новото семејство ID, сега веќе се зборува за „милиони“.

Имелда Лабе, директорка за продажба, маркетинг и постпродажба во Volkswagen, објаснува дека „нашиот фокус бил и ќе биде, Volkswagen да стане најценета марка за одржлива мобилност“. Менаџерката посочува и дека концернот презема сé, за нарачаните 135.000 примероци да се произведат колку може поскоро и да се испорачаат на нивните сопственици.

Volkswagen по 2033 година ќе произведува само електрични автомобили во Европа. Веќе во 2030 година, најмалку 70 проценти од продажбата на континентот треба да отпаѓа на чисто електрични автомобили. Во Кина и во САД, планот е во истиот рок да се постигне удел од преку 50 проценти. „Норвешка е предводник на полето на е-мобилноста. Volkswagen ID.4 во октомври беше најпродаван модел таму. Овој пример докажува: Понудата од модели во семејството ID се совпаѓа со потребите на нашите клиентки и клиенти“, заклучува Лабе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rollende Reporter (@rollendereporter)

До 2026 година, Volkswagen ќе пушти во продажба десет нови е-модели. Тоа ќе биде најширока понуда од електрични автомобили на пазарот, од достапен модел со цена под 25.000 евра, до новиот знаменосец Aero B.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваШампионка во спринт и десетобоец главни ликови во рекламите за Opel Astra
Следна објаваХакерите барале 50 милиони долари за украдените податоци од Continental

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here