за

Хакерите барале 50 милиони долари за украдените податоци од Continental

Continental покрена истрага за хакерскиот напад, откако беше објавено дека на даркнет се продаваат украдените податоци од компанијата.

Германскиот економски дневник „Ханделсблат“ извести дека хакерите објавиле на даркнет список со податоци, вклучувајќи информации за буџетот, за инвестициските и стратешките планови, како и информации за извесни клиенти на Continental.

Според „Ханделсблат“, хакерите ги понудиле податоците за продажба во вредност од 50 милиони долари, откако од Continental „наводно не сакале да платат откуп“.

Во минатата седмица, од Continental објавија дека во хакерскиот напад што беше пријавен во август, дошло до кражба на податоци од компанијата. Добавувачот за автомобилската индустрија со највисок приоритет ја спроведува истрагата за случајот.

Continental, со седиште во Хановер, Германија, претставува 8-ми најголем добавувач во светски рамки, според листата на индустрискиот гласник Аутомотив Њуз. Во минатата година, на фабриките за автомобили им биле продадени делови во вкупна вредност од 22,4 милијарди долари.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen произведе половина милион електрични ID-модели

Петтата Toyota Prius станува спортска лимузина со хибриден погон