Што ги спојува двократниот светски тренер на годината Јурген Клоп, двократната европска шампионка во спринт Џина Ликенкепмер и светскиот шампион во десетобој Никлас Каул, со новата Opel Astra? Во германската марка ценат дека тоа се карактерот, автентичноста, непосредноста и гените на сериски победник.
Три ѕвезди од спортската сцена се ликови во рекламната кампања за новата Opel Astra. Стартот на новата кампања на марката од Риселсхајм се совпадна со прогласувањето на Astra за носителка на „Златен волан 2022“ во категоријата на автомобили со цена до 50.000 евра. Мотото на кампањата што веќе е пуштена по друштвените мрежи гласи „Шампион за шампионите“.
Клоп, Ликенкемпер и Каул се хероите во спотот на друштвените мрежи. Повремено ќе се пуштаат и спотови од зад кулисите, како и спотови посебно со шампионката во спринт и со десетобоецот. На каналите на кабелската телевизија ќе се пушта спотови со соодветен формат.
Јирген Клоп, двократен носител на титулата најдобар тренер во светот, во септември ја презеде својата службена Opel Astra во изведба со приклучен хибриден погон. Тоа е првиот автомобил со електрифицирана спрега што Клоп ќе го користи во своето секојдневие.
Џина Ликенкемпер годинава освои злато во европското првенство на 100 метри спринт, како и во 4х100 метри штафета, додека Каул е најмладиот светски шампион во десетобој во историјата. Најбрзата дама во Европа коментираше за брзината на Opel Astra со приклучен хибриден погон со 180 КС, „Was‘n Sprint“ (каков спринт!). Во сличен тон, за Astra коментира и Каул, „едноставно шампион во сите дисциплини“. Ликенкемпер додава во спотот „убав волан – но, нели тој требаше да биде златен?“
Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда
















