Volkswagen со 4,5 милиони продадени автомобили до октомври

Во отежнати услови на глобалниот пазар на автомобили, марката Volkswagen успеа во првите три квартали од годинава да забележи зголемување од 3 проценти во продажбата.

Автомобилската марка од Волфсбург има причини за славење по заклучувањето на резултатите од продажбата во деветте месеци од 2014 година. Volkswagen продаде 4,56 милиони возила во овој период, што е за три проценти повеќе отколку во истиот период лани. Марката профитираше од постепеното заздравување на испораката на нови возила на пазарот во Западна Европа, но особено од пазарот во Кина, каде што за прв пат се продадоа повеќе од два милиона возила од марката Volkswagen во период од девет месеци. Актуелната нестабилност во Русија и слабеењето на пазарот во Јужна Америка влијаеја и врз билансот на германската марка, која што сепак успеа да забележи минимално зголемување на продажбата во септември за 0,2 проценти, со 534.800 возила.

Затоа, пак, продажбата во Западна Европа напредува, со 1,26 милион возила (+2,8%). На домашниот пазар Volkswagen забележа зголемување од дури 4,8 проценти, со 430.100 продадени возила. Статистиките за останатите региони: Централна и Источна Европа 181.900 возила (-8,8%), Русија 93.800 возила (-20,0%), Северна Америка 432.700 возила (-8,0%), Јужна Америка 488.000 возила (-19,3%).

Огромен раст од 13,8 проценти донесе продажбата во регионот на Азија и Пацификот, со 2,22 милиони возила, наспроти 1,95 милион автомобили во ланските три квартали. Само во Кина, како најголем единечен пазар, се продадоа 2,07 милиони возила (+15,3%), со што Volkswagen за првпат ја надмина двомилионската бројка во оваа земја во период од девет месеци.

Претходна објаваOpel Corsa E: Од овој материјал се направени бестселерите
Следна објаваПрво излегување на Lamborghini Huracan GT3 на патеката Валелунга (Видео)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here