Новиот Lamborghini Huracan GT3 ја заврши првата серија тестирања на патеката „Пиеро Таруфи“ во Валелунга. Под надзор на Џорџо Сана, обата официјални возачи на Lamborghini Squadra Corse, Адриан Зауг и Фабио Бабини, го дотеруваа сетапот на тркачкиот Huracan за патеката во близина на Рим. Со Huracan GT3, тркачкиот тим на Lamborghini го комплетираше следниот чекор во развојот и производството на тркачки автомобил за учество во една од најтешките и најпознати тркачки серии на меѓународно ниво.
















