за

Volkswagen развива нов менувач DSG со 10 степени

volkswagen 10 dsg tdi 240

Германскиот концерн наскоро ќе започне да вградува верзија на менувачот со двојна спојка со десет степени на пренос. Се подготвува и нов турбодизел мотор со битурбо натполнење.

Првиот човек во одделението за развој на нова технологија во Volkswagen, Ханс Јакоб Нојсер, најави дека концернот наскоро ќе го претстави новиот менувач DSGсо десет степени на пренос. Нојсер го најави новиот менувач со двојна спојка како дел од презентацијата на идната погонска технологија на симпозиумот за мотори во Виена.

Шефот на Volkswagen,Мартин Винтеркорн, уште на минатиот симпозиум во австрискиот град го навести преминувањето на менувачите DSGво следниот развоен стадиум. Новиот десетстепен DSG ќе се користи во модели со надолжно и со попречно вграден мотор, односно во целата гама на модели на одделните марки на концернот. Новиот менувач е една од клучните развојни цели на Volkswagen во остварувањето на целта, потрошувачката на гориво да се намали за 15 проценти до 2020 година.

Германскиот концерн го објави и стартот на новиот дволитарски турбодизел со битурбо натполнење и 240 КС. Четирицилиндарскиот мотор ќе има прво вградување во новата генерација на Passatчијашто премиера се очекува кон крајот на годината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW продаде половина милион возила за три месеци

Лондон е новиот дом на Fiat