за

Лондон е новиот дом на Fiat

Како што најави претходно, Fiat-Chryslerго пресели своето седиште во Лондон, поради даночни олеснувања. Во случај на спор, Италијанците сепак ќе одговараат пред судовите на сосема трета држава.

Италијанско американскиот автомобилски концерн FiatChryslerво иднина ќе раководи од Лондон. „Управниот совет, мојата канцеларија и дел од моите луѓе ќе работат од Лондон“, изиави шефот на концернот Серџо Маркијоне од централата во Обурн Хилс. Во овој град во близина на Детроит се наоѓа централата на Chrysler. Седиштето на Fiatсе наоѓа во италијанскиот град Торино.

Со спојувањето на обете фирми, Маркијоне создаде интернационална структура на новиот концерн FiatChryslerAutomobiles. Концернот е организиран според холандското право, поради даночни олеснувања има седиште во Лондон, а со неговите акции ќе се тргува на берзите во Њујорк и Милано.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen развива нов менувач DSG со 10 степени

Галерија: 12-ти собир на автомобилски тјунери на Боденско Езеро