Volkswagen е најугледна германска фирма

Концернот Volkswagen се најде на првото место во студијата на институтот Reputation и со тоа е најреномирано претпријатие во Германија од гледиште на потрошувачите.

Консултантското претпријатие Reputation го спроведува истражувањето во повеќе од 30 земји, меѓу 115.000 потрошувачи. Се оценуваат обемот на понудата на продукти и услуги, иновативноста, лидерството, перформансите, работното место и имиџот. Во рамките на истражувањето, потрошувачите даваат одговари на кои претпријатија им веруваат, дали ги препорачуват нивните производи и дали би работеле за нив. „За многумина купувачи, претпријатието денес е многу поважно од производот“, така ги оценува резултатите од студијата Николас Жорж Трад, извршен директор на институтот Reputation.

Во минатата година Volkswagen стартуваше со еколошка реконструкција на концернот и инвестира во поштедливи возила, погони и технологии, како и во производство кое што е неутрално за животната средина.

Претходна објаваMercedes кани на возачки тренинг
Следна објаваБразилскиот Taigun ќе доаѓа и во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here