за

Mercedes кани на возачки тренинг

Марката со ѕвездата има уште побогата понуда на возачки тренинзи во новата сезона. Тоа е можност за возење ексклузивни модели на ексклузивни патеки што не се пропушта.

Mercedes-Benz Driving Events ја прошири понудата на тренинзи за безбедно возење, за спортска возбуда на познати тркачки патеки и патувања, за секое ниво на возчако искуство и за сечиј вкус. Професионални инструктори стојат на располагање секој да ја развие својата возачка способност. Возниот парк ги вклучува најновите модели на лимузини, купеа, родстери и теренци. Ако некој побара крајно спортско доживување, за тоа стои на располагање AMG Driving Academy со модели што пукаат од сила.

Возачките тренинзи имаат долга традиција во Mercedes. Синовите на Готлиб Дајмлер водеа обуки за возачи уште пред повеќе од 100 години. Програмата на Driving Events за новата сезона е дополнително збогатена. Во неа се опфатени вкупно 36 различни тренинзи на 22 локации. На располагање стојат безбедносен, спортски или еко тренинг, на пат и на терен, во летни и зимски услови на возење. Посебен дел од програмата се ексклузивните патувања, меѓу кои се возењата со теренци на Mercedes низ јужноамериканските џунгли, совладувањето висински превои на Андите или минување низ пустината Атакама и возење низ дивините на Намибија.

Најчесто изведувани тренинзи се безбедносните тренинзи, кои се вршат на познатите тркачки патеки во Германија, како Нирбургринг, аксенринг или Хокенхајмринг. Во зима се вози во Австрија, Шведска и во близина на поларниот круг, по замрзнатите езера во шведската покраина Лапонија.

Цените се мошне достапни. Понудата во Германија стартува со полудневен компактен тренинг за 95 евра за млади возачи, додека основен тренинг за возачи почетници чини 295 евра. Целната група опфаќа широк круг на интересенти, почнувајќи од возачи кои штотуку добиле дозвола до искусни професионални возачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M6 Gran Coupe: Тркачка машина маскирана во семејна лимузина

Volkswagen е најугледна германска фирма