Volkswagen на салонот за комерцијални возила во Хановер

Брендот Volkswagen – Комерцијални возила се покажа во убедливо светло на овогодишниот салон во Хановер со 50 изложени возила на штанд со површина од 7.500 метри квадратни.

Volkswagen – Комерцијални возила настапи на овогодишниот салон во Хановер под мотото „Работа.Живот.Решенија“, претставувајќи ја својата гама на модели на домашен терен. „Ние ги понудивме вистинските решенија за сите професионалци и за сите различни приватни потреби во животот. Ние знаеме што сакаат клиентите и тоа го испорачуваме”, изјави Брам Шот, претседател на управниот одбор на брендот.

Целата гама на брендот, составена од лесни комерцијални возила, наменети за работа и за приватна употреба, беше успешно претставена на саемот. Брендот Volkswagen Комерцијални возила на присутните посетители им претстави широк спектар на возила, кои ги задоволуваат сите барања и кои се направени врз основа на Amarok, Caddy, Crafter и моделската серија T5. „Сакаме на нашите клиенти да им покажеме незаменлив спектар на решенија за мобилност на стоки и патници”, изјави Шот. „Комерцијалните возила за бизнис се толку разновидни колку што се и нашите клиенти, тие доаѓаат од различни индустрии и различни услужни сектори. Покрај тоа, јавните институции како на пример: полицијата, противпожарните бригади и општините се значаен дел од сите наши клиенти.“

LI2014041567

Специјализацијата е магичниот рецепт за да се задоволат потребите на клиентите, а тој рецепт беше прикажан на саемот. Изложени беа 50 возила во халата 12 и истите беа подредени според различните индустрии и корисници. Штандот покриваше површина од 7.500 м2. Дополнително беа претставени уште 30 решенија за товар и патници во надворешниот простор пред халата. На посетителите им беше овозможено и тест возење на одредени модели.

Претходна објаваРускиот пазар не им се посреќи на автомобилските гиганти
Следна објаваНовиот Renault Trafic ќе се произведува во истата фабрика со Laguna и Espace

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here