за ,

Volkswagen користи паметни очила 3D во сериското производство

Вработените во фабриката на Volkswagen во Волфсбург отсега користат паметни очила 3D при сериското производство на возила. На тој начин се обезбедува повисок квалитет во изработката.

Во матичната фабрика на Volkswagen во Волфсбург, по тримесечно тестирање, отсега започнува редовна примена на паметни очила во 3D во сериското производство на автомобили. Производителот очекува со примената на оваа технологија да постигне поголема сигурност во одвивањето на процесите на производствената лента.

Предностите на очилата во коишто се прикажуваат податоци се очигледни: Работникот во видното поле во очилата ги добива сите неопходни информации, како местото од кое што треба да земе одреден дел или број на делот што треба да се користи. Со допирање на очилата, како и со говорна команда, работникот може да ги вклучува и дополнителните функции. Следна предност е во тоа што на работникот му се слободни рацете за време на работата. Камерата во очилата служи и како скенер за баркодови. Точните баркодови се прикажуваат во зелена боја, а ако работникот земе дел со погрешен баркод, тој ќе се прикаже со црвена боја.

Дигитализацијата воведува ново ниво на соработка меѓу луѓето и технологијата

Вработените сами решаваат дали ќе ги користат технолошките очила. Во моментов, очилата ги користат 30 вработени во повеќе одделенија, како монтажа на ветробран или на погонски зглобови. Концернот планира да ги користи податочните очила и во останатите одделенија, фабрики и марки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Над 500 електрични автомобили на Nissan „таксираат“ низ Европа

Audi открива дека кај „проблематичниот“ 3.0 TDI се работи за недоразбирање