за

Volkswagen ги почести љубителите на Golf со GTI со 503 коњски сили

На собирот покрај езерото Вертер во Австрија во овие денови сите возат GTI и сите сонуваат за GTI. Volkswagen им оддаде чест на обожувателите на спортскиот модел со специјална верзија на Golf со 503 КС.

Инженерите и дизајнерите на Volkswagen развија студија базирана на актуелниот Golf по повод традиционалниот собир на љубителите на GTI покрај езерото Вертер. Овој GTI е силен GTI – со 503 КС и крајна брзина од 300 километри на час. Задните столбови и праговите се изведени како засебни каросериски елементи и извлечени се нанадвор за да се ослободи простор за големите бандажи со пречник од 20 инчи.

Моќноста на Design Vision GTI, како што официјално се нарекува студијата, е повеќе од двојно поголема од серискиот модел со 220, односно 230 КС. Место четирицилиндарец од два литра, под хаубата работи мотор V6 со директно впрскување и двојно турбонатполнење. Моќниот V6 ослободува вртежен момент од 500 њутнметри веќе при 2.000 вртежи, а максимумот од 560 њутнметри го постигнува во подрачкето меѓу 4.000 и 6.000 вртежи. Оваа моќ се пренесува на сите тркала преку менувач со двојна спојка.

[nggallery id=39]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Себастијан Леб: „Peugeot 208 T16 Pikes Peak е ракета!“

Maserati Quattroporte S Q4 за широки народни маси