за

Себастијан Леб: „Peugeot 208 T16 Pikes Peak е ракета!“

Шампионот во рели го направи првото возење со 208 T16 што ќе го качува на Пајкс Пик на 30-ти јуни. Себ не можеше да го сокрие одушевувањето од тркачкиот болид на Peugeot.

Кога Себастијан Леб слетал со хеликоптерот покрај тркачката патека Ла Ферт-Видам во Франција, ѕвездата на релито сигурно помислил дека престои рутинско тестирање на тркачкото возило. Но, по само неколку кругови со T16, заклучокот изгледаше многу поразлично: „208 Т16 Pikes Peak е ракета! Неверојатно е моќна! При првото возење, секое менување степен буквално те зашеметува. Промените на степените се навистина брутални и потребно е малку време додека се научи да се предвидува кога ќе зачкрипи менувачот. На почетокот тоа беше навистина збунувачко.“

Деветкратниот шампион има возено на сите патеки за рели и победувано на повеќето од нив, но неговиот говор беше далеку од релаксирачки по првото возење на T16 Pikes Peak. „Немам возено нешто што забрзува толку брзо! Во пониските степени, ниту формула 1 болид не ослободува максимална моќ. Кај Peugeot е како серија од експлозии додека поаѓаш од место. Поради погонот на сите тркала и турбонатполнењето, повлекувањето е феноменално! Не си ни свесен дека возиш во шестиот степен со 240 километри на час.“ Вистина е така, со забрзувањето од место до сто за 1,8 секунда, дури и формула 1 има проблем да го стаса Peugeot.

Менувачот не е единственото што му остави впечаток на супервозачот во рели. „Поради аеродинамичниот потисок и широките гуми, сопирањето исто така одушевува. Ова е комбинација на најдоброто од неколку различни светови: Има потисок како формула 1, широки гуми како прототип во трки во издржливост и диференцијал како рели болид.

Како што напредуваше запознавањето, Себ очигледно стануваше обземен од единственото доживување: „Сум возел најразлични автомобили во кароерата, но овој е многу различен. Забрзувањето, перформансите и запирањето се како повеќе како во болид во формула 1 отколку во рели автомобил. Управливоста исто така е фантастична. Има многу добро држење и погонот на сите тркала дава огромна стабилност.“

Но, исто како и секој див коњ, 208 Т16 Pikes Peak мора прво да се припитоми, за возачот да биде тој што го контролира возилото, а не обратно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британската полиција се вози на струја

Volkswagen ги почести љубителите на Golf со GTI со 503 коњски сили