за

Veuve Clicquot е официјалниот шампањ на Ferrari

Светски познатиот производител на шампањ Verve Clicquot е избран за прв лајфстајл-партнер на Ferrari. Секој нов модел на италијанската марка и секоја тркачка победа ќе се прославува со овој шампањ.

Спортската марка на салонот во Женева објави дека Veuve Clicquot Ponsardin во иднина ќе биде прв лајфстајл-партнер на Ferrari. Реномираниот производител на автомобили од Маранело за првпат во својата историја остварува соработка од овој вид и не случајно го избира светски познатиот производител на шампањ. Партнерството меѓу обете марки започна уште пред три години, при што Veuve Clicquot ја снабдуваше италијанската марка со шампањ на сите трки во формула 1, на сите презентации на нови модели и манифестации од секаков вид. Со новиот „статус“ на прв партнер, присуството на францускиот производител на шампањ ќе биде уште повпечатливо на манифестациите на Ferrari. Договорот ќе трае во следните три години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault го подготвува наследникот на Koleos

Mercedes-AMG E 43: Прво експлозивно полнење на новата класа Е