за

Van Hool стартува со нова серија градски електрични автобуси

Белгискиот производител на автобуси Van Hool, со голема фабрика во Македонија, доби нарачки за 162 чисто електрични автобуси од новата Серија А, уште пред истата да биде претставена.

Масивниот замав на електромобилноста досега и во Македонија. Белгиската компанија Van Hool, специјалист за автобуси, луксузни туристички автобуси и индустриски возила, со фабрики во белгискиот Конингсхоикт и во Скопје, претстави нова генерација градски автобуси со чисто електричен погон, коишто се водат како Серија А.

Van Hool, белгиски специјалист за автобуси и возила за индустријата, на меѓународниот салон за јавен превоз Euro Mobility Expo 2022 во Париз, одржа премиера на комплетно новата серија градски автобуси со 100% погон на електрична енергија. Van Hool A12 Battery Electric е првиот модел од новата серија автобуси, којашто ќе се изработува во четири различни должини (12m, 13m, 18m и 24m). Автобусите од оваа серија ќе користат три варијанти на погон што не испуштаат ниту грам штетни материи: Батериски електричен погон, водороден погон и напојување на електромоторите преку трола.

Со овој чекор, Van Hoоl ги применува искуството и знаењето што ги има стекнато низ годините, преку конструирањето и производството на еколошки прифатливи автобуси за градски и регионален превоз, во нова генерација автобуси со нулта емисија на стакленички гасови. Белгискиот специјалист е подготвен да одговори на растечкиот интерес на големите компании за јавен превоз, коишто се посветуваат на „зазеленување“ на своите возни паркови. Уште пред Van Hool да ја претсави новата серија А, пристигнаа нарачки од 13 компании, за вкупно 162 автобуси.

Филип Ван Хоол, извршен директор на Van Hool NV, објаснува: „Намерата при дизајнирањето на новата Серија А, беше да понудиме еколошки погодна(100 проценти нула емисија), комфорна, безбедна, безвременска и одржлива серија автобуси, којашто ќе се корсити во градскиот и регионалниот превоз во Европа. Нашата цел беше да претставиме интегрирана нова серија, што ќе излезе во пресрет на високите очекувања на компаниите за превоз, на возачите и на патниците. Новиот дизајн на внатрешноста и надворешноста и изворот на три различни погонски изведби, од една страна се поврзуваат со меѓународното искуство што го стекнавме во последните неколку децении, додека од друга страна се шповрзуваат со предизвиците со коишто компаниите за јавен превоз ќе се соочуваат во претстојните години. Нашите клиенти се посветени на зазеленувањена своите возни паркови и набавуваат возила со нулта емисија.“

При конструирањето и развојот на новата Серија А на Van Hool, посебно внимание било посветено во намалувањето на тежината, во подобрувањето на одржливоста и на модуларноста на автобусите.

Постигнато е намалување на тежината во носечката структура преку примена на нерѓосувачки челик со висока цврстина, на лесни композитни материјали и одржливи техники на лепење. За тоа да се постигне, интензивно се работело на компјутерски симулации, за наоѓање на сите можности за оптимизација. Искуството долго 75 години секако дека е најмоќниот „компјутер“ на Van Hool

Во самоносечката конструкција на сендвич покривот е користен модуларен систем за прицврстување, за таму да се вградат компонентите, како што се батериите, климатизацијата и контролните уреди. Така се овозможува лесна замена со нови или подобрени компоненти во иднина. Сето тоа ќе води и кон подолг век на користење на новаите автобуси од Серијата А.

Уште пред Серијата А да доживее премиера во Париз, белгискиот производител доби 13 нарачки, за вкупно 162 автобуси:

  • 67 Van Hool A13 батериски електрични автобуси за Tide – Албнорг (Данска)
  • 36 Van Hool A13 батериски електрични автобуси за De Lijn – Фландрија (Белгија)
  • 19 Van Hool A12 батериски електрични автобуси за корисници на лизинг од De Lijn – Groep Waaslandia (Белгија), De Decker – Van Riet (Белгија), Parmentier (Белгија)
  • 2 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за FAHMA – Франкфурт (Германија)
  • 4 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за Пау (Франција)
  • 14 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за Réseau Astuce – Rouen (Франција)
  • 7 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за SMTC90 – Belfort (Франција)
  • 7 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за Lorient (Франција)
  • 6 Van Hool A12 автобуси со водороден погон за Еберсвалде (Германија)

Прво се забележува дека во предниот дел на Серијата А е работено многу на аеродинамичноста. Високиот ветробран обезбедува одлична прегледност за возачот и за патниците. Автобусите располагаат со најнова генерација светла со диодна техника и исто така диодни дневни светла.

Низ широкиот заден прозорец влегува светлина во патничката кабина. Задните светла исто така користат диодна техника. Високите странични прозорци овозможуваат одлична осветленост на просторот за патници. Ергономијата на возачкото место ги исполнува строгите барања што ги поставува VDV (Здружение на германски компании за превоз).

New item by Automedia MK / Google Photos

Климатизацијата во внатрешноста се регулира преку единствен систем, при што свеж воздух се вовлекува од централниот канал за воздух во покривот, по пат на технологија на топлиска пумпа (со примена на вода при кондензацијата), како и искористување на топлината од погонот. На тој начин се постигнува заштеда во енергијата, во споредба со класична топлинска пумпа.

Van Hool наскоро одбележува 75 години постоење (1947-2022) и претставувањето на новата Серија А електрични автобуси е практично подготовка за јубилејот. Белгиската компанија досега има произведено повеќе од 1.400 електрични автобуси и туристички автобуси, вклучувајќи и возила со хибриден погон, водороден погон и напојување преку трола. На крајот на 2020 година, Van Hool ги испорача првите десет туристички автобуси со целосно електричен погон CX45E, за клиент во САД. Досега се продадени 22 примероци од тој модел, а Van Hool неодамна го претстави и првиот двокатен туристички автобус TDX25E со погон на струја.

Светот поставува датуми за електрични автобуси

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

dizel oznaka hrom

Дизел е само еден од секои пет продадени автомобили во ЕУ

Новиот Amarok: Сега и Volkswagen има Ford Ranger