за

Дизел е само еден од секои пет продадени автомобили во ЕУ

Долги децении миленик на Европа, дизел моторот наскоро ќе има исто толку незначителен удел, колку што имаа електричните автомобили до пред одвај половина деценија.

dizel oznaka hrom

Статистиката на продажбата на нови патнички автомобили во ЕУ-27 за мај, повторно потврдува дека за дизелот останува се помалку место на автомобилскиот пазар. Само една петина од продажбата отпаѓа на на патнички автомобили со дизел мотор. Електричните автомобили заостануваат само еден процент и сочинувале 19% од продажбата во мај.

Електричните автомобили до скоро беа главните поттикнувачи на растот на автомобилскиот пазар во Европа. Во меѓувреме, кризата почна да остава траги и врз пазарот што им припаѓа на електричните автомобили. Во мај се продадени вкупно 179.700 возила со чисто електричен погон, приклучен хибриден погон и водороден погон. Тоа е за 3,6% повеќе од истиот месец лани. Бидејќи пазарот денес е скусен во споредба со лани, уделот на електрчните автомобили соодветно се зголемил од 16,2% лани, на 19,2% во мај годинава.

Чисто електричните автомобили учествуваат со дури 56% во продажбата, што е за 19% подобро од лани, додека приклучните хибриди назадувале за 12 проценти.

Пазарот на батериски електрични автомобили им припаѓа на Volkswagen Group (24,4%), на Stellantis (20,5%) и на Kia-Hyundai (12,1%). Продажбата на е-модели на Volkswagen Group, Ford, Nissan, Tesla и Mazda, сепак се смалила во споредба со истиот месец лани. Во исто време, продажбата на електрични возила од кинеските марки практично се удвоила, со раст од 197 проценти. Голем напредок има и кај BMW Group (106%), а двоцифрен раст имаат Stellantis, Kia-Hyundai, Renault Group, Mercedes-Benz, Geely Group, Honda и Toyota.

Во 2020 година, дизелот уште учествувал со 32%, наспроти 7% на електричните автомобили; Во 2022 година, дизелот спадна на 20%, додека електричните напредуваа до 19% удел

New item by Automedia MK / Google Photos

Најпродаван електричен модел и во мај е Fiat 500e, чијашто продажба напредувала за 71 проценти. Домашниот пазар во мај се скусил за градското мини на струја (-27%), но затоа двата најголеми пазари за Fiat 500e, Франција и Германија, напредувале за 152 и 95 проценти соодветно.

По Fiat 500 следи уште еден модел од концернот Stellantis, Peugeot е-208. Посебно висока побарувачка за овој модел има во Британија (+106%) и Холандија (+365%). VW Group обезбеди трето место меѓу батериските електрични автомобили, со Volkswagen ID.4, иако неговата продажба се намалила за 12%, главно поради падот на продажбата во Германија, најголем пазар за моделот.

Најпродавани батериски електрични автомобили во ЕУ27, во мај 2022 година

1 FIAT 500 6,323
2 PEUGEOT 208 4,570
3 VOLKSWAGEN ID.4 4,096
4 DACIA SPRING 3,849
5 SKODA ENYAQ 3,687
6 OPEL/VAUXHALL CORSA 3,501
7 VOLKSWAGEN ID.3 3,423
8 RENAULT ZOE 3,358
9 HYUNDAI KONA 3,163
10 MINI HATCH 3,034
11 KIA NIRO 2,981
12 RENAULT TWINGO 2,949
13 HYUNDAI IONIQ 5 2,704
14 CITROEN C4 2,567
15 KIA EV6 2,409
16 POLESTAR 2 2,340
17 CUPRA BORN 2,323
18 AUDI Q4 1,989
19 BMW I4 1,986
20 PEUGEOT 2008 1,970

Stellantis води и на пазарот на модели со приклучен хибриден погон, со удел од 19,2%, пред Volkswagen Group со 16,5% и BMW со 15%. Успехот на француско-германско-италијанско-американскиот производител главно се темели врз одличната продажба на Jeep Compass со приклучен хибриден погон.

Хибриден Mercedes E-Class поевтин и посилен од дизел E 300 d

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara Brezza во 750.000 примероци во Индија, доаѓа наследничката

Van Hool стартува со нова серија градски електрични автобуси