за

Trident Iceni: Стартува најбрзиот спортски автомобил со дизелски мотор

Кога Британците го претставија новиот модел пред шест години, тој целосно отстапуваше од воспоставените стандарди – Iceni се трка со дизелски мотор, но многу моќен дизелски мотор.

Шест години поминаа откако Британците ја разбрануваа сцената на спортските автомобили со намерата да се впуштат во трка против Ferrari & Co. со нивното купе со дизелски мотор. Но, авто индустријата на островот отсекогаш чекорела по свој пат, па изненадувањата повеќе се правило отколку исклучок. Trident Iceni сега стартува со редовна продажба на Iceni, спортски автомобил со оцумцилиндарски турбодизел од 6,6 литри.

Стандардната изведба на моделот постигнува моќност од 400 КС и вртежен момент од 950 њутнметри, а за преносот на сила се грижи шестстепен автоматик. Спринтот до сто трае точно четири секунди, како крајна брзина се наведуваат 306 километри на час. Со тоа, Iceni е најбрз спортски автомобил од сериско производство со дизелски мотор. Следниот степен на „тјунирање“ на гигантскиот V8 носи 436 КС и 1.288 њутнметри.

Trident не наведува колку гориво трошат овие модели, место тоа наведува само дека со едно полнење на резервоарот може да се совладаат преку 3.000 километри. Врвното ниво на моделот нуди 670 КС и вртежен момент од шлеперски 1.424 њутнметри. Со тоа доаѓаат и композитни сопирачки дискови, место стандардните челични дискови со пречник од 400 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Освен во купе изведба, британската спортска марка го нуди моделот и како кабриолет и комби. Цената изнесува 96.000 фунти, односно околу 120.000 евра, а возилата се изработуваат исклучиво по нарачка и рачно.

Тајната на рекордната штедливост на Iceni, со оглед на неговата моќност, лежи во технологијата на мултиплицирање на вртежниот момент, со што потрошувачката на гориво се намалува за околу 20 проценти. Trident ја патентираше оваа технологија со којашто во еден потег постигнува високи перформанси и исклучителна штедливост, и ја користи во сите свои спортски автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche со промет од четири милијарди евра за три месеци

Brammo Empulse R: Најбрзиот електричен мотоцикл пристига во Европа