Трамп само се шегувал за 25% царина за Mercedes и BMW

трамп царини автомобили

Американскиот претседател Трамп, при потпишувањето на спогодбата за трговија со ЕУ во Белата Куќа, се пошегува околу зголемувањето на царинската стапка за увозот на автомобили од Европа. Неизвесноста траеше неколку секунди, но доволно за тоа да се најде меѓу главните вести од автомобилската индустрија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, при потпишувањето на спогодбата со ЕУ за зголемување на увозот на говедско месо од САД, се пошегува околу увозните царини за европските автомобили. По потпишувањето на спогодбата, Трамп се врати на говорницата, најавувајќи дека „САД работат на спогодба, со којашто ЕУ се сложуваат да плаќаат 25% увозна царина за сите возила на Mercedes-Benz и BMW што пристигаат во нашата земја, и ние го цениме тоа.“ Американскиот претседател брзо потоа додаде: „Само се шегувам.“

Увозните царини веќе подолго време му се трн во око на Трамп. Тој цени дека на европските производители на автомобили им се олеснува извозот во САД, додека истото им е многу потешко на американските фирми. САД моментно наплаќаат 2,5% увозна царина за европските автомобили. Наспроти тоа, ЕУ бараат 10% царина за автомобилите што пристигаат од другата страна на океанот. Затоа пак, за пикапите, кои се особено популарни меѓу американските возачи и сочинуваат голем дел од домашната продукција, увозната царина во САД изнесува 25 проценти.

Претходна објаваVolkswagen Golf VIII уловен при фото-сесија во Шпанија
Следна објаваТест: Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here