Лани Toyota имала рекордна година за хибридните модели и за марката Lexus на европскиот пазар. Седма година во низа расте продажбата на хибридите, на коишто веќе отпаѓа една третина од вкупната продажба на марката. Најпродаван модел е Yaris со над 200.000 примероци.
Европската централа на Toyota објави 928.500 продадени возила од марките Toyota и Lexus лани, што е зголемување за 6%. Најголемиот поттик за продажбата пристигна од широката понуда на 15 хибридни модели од обете марки, со импресивен раст од 41% и вкупно 295.000 примероци. Тоа значи дека едно од секои три продадени возила е со погон со две срца, додека преклани нивниот удел изнесувал една четвртина. Овој удел е уште поубедлив во Западна Европа, со 43%, со што Toyota е чекор поблиску до целта половина од продажбата во Европа да отпаѓа на хибридни модели до 2020 година.
Yaris, Auris, Verso, Avensis и RAV4, како клучни модели на Toyota, забележаа раст во своите сегменти. Две третини од возилата што се пласираат на европскиот пазар се произведуваат локално. Политиката на локалнa продукција покажа најголем ефект во Русија, кадешто во услови кога вкупниот автомобилски пазар е намален за 12%, Toyota успеа да постигне удел од дури 8,5%.
https://automedia.mk/objavi/27145
Марката Lexus имаше уште една рекордна година, со 74.300 примероци. Рускиот пазар повторно ја награди јапонската марка, со раст од 19%, иако пазарот на луксузни автомобили во земјата опадна за 4 проценти.
Клучни бројки во продажната статистика на Toyota Motor Europe за 2016
Toyota:
- Најпродавани модели: Yaris (208,600); Auris (144,100); RAV4 Range (110,100)
- Најпродавани хибридни модели: Yaris Hybrid (86,600); Auris Hybrid (85,800); RAV4 Hybrid (44,700)
- Најголем продажен раст: C-HR Hybrid (нов модел); Prius (+117%); Yaris Hybrid (+20%) Auris Hybrid (+9%);
- Вкупна продажба на хибридни модели: 249,900 (+49%)
- Удел на хибридни модели: Западна Европа : 39% – Источна Европа : 5% – Вкупно : 29%
Lexus:
- Најпродавани модели: NX (26,100); RX (18,100); CT200h (8,400)
- Најголем раст: RC (+198%); RX (+163%); LX (+123%)
- Најпродавани хибридни модели: NX Hybrid (18,000); RX Hybrid (9,100); CT200h (8,400)
- Најголем раст на хибридни модели: RC Hybrid (нов модел); RX Hybrid (+155%); GS Hybrid (+25%);
- Вкупна продажба на хибридни модели: 44,900 (+10%)
- Удел на хибридни модели: Западна Европа : 98% – Источна Европа : 7% – Вкупно : 60%
















