Toyota е светски шампион во патентирање изуми

Никој производител на автомобили не регистрира повеќе изуми од Toyota. Сите автомобилски производители лани поднеле заедно над 57.000 барања за заштита на нивните изуми. Секој четврти изум припаѓа на Toyota.

Ако се смета бројот на барања за регистрирање патенти што се поднесува на годишно ниво, Toyota е неприкосновен шампион во целата автомобилска бранша. Само лани, Јапонците поднеле над 14.800 барања за заштита на патенти. Секоја година, овој број се зголемува. Второпласираниот производител на автомобили не пријавува ниту половина од бројот на патенти на Toyota.

Три четвртини од изумите во подрачјето на погонот се во делот на хибридната техника

Секој четврти патент во светската автомобилска индустрија отпаѓа на погонот. Но, додека конвенционалната погонска техника стагнира со околу 2.000 пријави на годишно ниво, во моментов дури 85 проценти од патентите во подрачјето на погонот отпаѓаат на алтернативните погонски решенија. Трендот во регистрирањето патенти покажува дека поголемиот дел од производителите во последните години радикално го сменија подрачјето во кое што го концентрираат развојот на нови технологии. Место во развој на мотори со внатрешно согорување, интензивно се инвестира во технички решенија во подрачјето на хибридната техника и електричниот погон.

Погонот на водород е новиот предизвик за Toyota, по 20 години од хибридниот Приус

Не зачудува тоа што јапонската марка предводи во ова поле. Поминати се веќе 20 години откако Toyota го претстави првиот Prius. Но, иако Toyota е во голема предност пред конкурентите, во минатата година повторно се зголеми бројот на патенти во подрачјето на хибридната техника. Конкретно, лани се пријавени 1.750 барања за регистрирање патенти во хибридниот погон, што е зголемување за 11 проценти во споредба со прелани. Во Toyota моментно се работи под полна пареа на електричниот погон и на водородниот погон, каде што марката исто така се наоѓа на врвната позиција. Наесен стартува продажбата на водородниот Mirai на европскиот пазар.

Претходна објаваРекордна сума за Ferrari F40: Над еден милион евра од новиот сопственик
Следна објаваTesla губи по 4.000 долари со секој продаден автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here