за

Tesla губи по 4.000 долари со секој продаден автомобил

Калифорнискиот електроспецијалист Tesla во последниот квартал потрошил 359 милиони долари, а оперативната загуба пораснала на 47 милиони при 11.532 испорачани возила. Експертите смируваат.

Според пресметките на Reuters, американскиот пионер на електричниот погон Tesla Motors во последното тромесечје потрошил 359 милиони долари. Во тој период се испорачани 11.532 возила, а оперативната загуба на претпријатието е зголемена на 47 милиони долари. Големото трошење капитал според експертите сепак не треба да зачудува, ниту е драматично. Производителот кој во моментов ја има во понуда единствено луксузната електрична лимузина Model S, се наоѓа во голема фаза на проширување на капацитетите и на понудата од модели. Претстои долгоочекуваното воведување на кросоверот Model X, а во тек е и изградбата на гигафабриката за батерии во пустината во Невада.

Добавувачите мора да се приспособат на високите организациски стандарди на Tesla

Неколку негативни наслови во минатата недела предизвикаа неизвесност околу американскиот специјалист за електричен погон. Покрај веста за успешниот хакерски напад на Model S, цел на пишувањата беше и претстојниот Model X. Во берзанските кругови беше лошо примена најавата на шефот Илон Маск дека поради комплексната конструкција на кросоверот со крилести врати е можно да се одложи стартот на продукцијата, но и дека се можни прекини во продукцијата поради проблеми со испораката на компоненти од добавувачите.

„Model X е најсложениот автомобил за производство во светот“

Крилестите врати сигурно нема да бидат единствениот технолошки врв на идниот кросовер Model X
Крилестите врати сигурно нема да бидат единствениот технолошки врв на идниот кросовер Model X

Маск исто така оцени дека идниот Model X ќе биде најсложениот автомобил за производство во светот. Особено е негативно тоа што кросоверот ќе се произведува на истата линија со Model S. Доколку мируваат производствените ленти за електричниот кросовер, ќе мирува и производството на лимузината. Поради тоа, Маск ги спушти и прогнозите за 55.000 возила за оваа година за пет илјади примероци. Според експертските процени, Tesla во оваа година само за стартот на производството и комерцијализацијата на Model X ќе потроши околу 1,5 милијарда долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota е светски шампион во патентирање изуми

Jaguar Land Rover чекор поблиску до изградба на фабрика во Словачка