За помалку од една година од појавувањето на моделот во салон, продажбата на Toyota Yaris Cross на европскиот пазар надмина 100.000 примероци. Овој кросовер во класата на градските автомобили стартуваше во септември лани, во меѓувреме тој се вбројува меѓу најпродавните модели во својот сегмент на некои од најголемите пазари во Европа.
Успехот на моделот се препознаваше уште во првите шест месеци од неговото пазарно присуство, кога во периодот од септември лани до февруари годинава, Toyota Yaris Cross Electric Hybrid веќе имаше надминато 50.000 продадени примероци во Европа. Во петте месеци потоа, од февруари до јули 2022 година, продажбата продолжи да забрзува и следните 50.000 примероци се продадоа за еден месец порано.
Меѓу вистинските изненадувања, како големи пазари за Yaris Cross Electric Hybrid се најде и Шпанија, којашто учествува со 9% во вкупната продажба на моделот во Европа. Тоа значи дека еден од речиси секои десет примероци од моделот, се регистрираат во Шпанија.
Yaris Cross Electric Hybrid во април беше именуван за најдобро градско возило во светот за 2022 година, во изборот за Светски автомобил на годината. Корените на моделот, сепак се европски, затоа што осмислувањето, развојот и производството на Yaris Cross се дело на тимовите на Toyota во Европа.
Со четвртата генерација на Yaris Electric Hybrid се заеднички впечатливиот дизајн што става нагласок на просторноста и на функционалноста на кабината, а секако и на хибридниот систем од 4-та генерација, на богатиот арсенал од системи за асистенција, вклучувајќи го Toyota Safety Sense. Тоа што има решавачко влијание за купувачите да се решат за Yaris Cross Hybrid е чувството во возење, односно односно балансот меѓу динамични возни својства и висок комфор.

Во кросоверот се вградени голем дел од искуствата што Toyota ги има стекнато во развојот на RAV4, модел што во меѓувреме има традиција подолга од четвртина век. Затоа и при претставувањето на моделот беше нагласено дека Yaris Cross, во поглед на тежиштето на коешто му е посветено најмногу внимание при развојот, според карактерот е поблиску до RAV4, отколку до докажаниот Yaris.
На македонскиот пазар, покрај хибридната изведба, се нуди и верзија со бензински мотор, со зафатнина од 1,5 литар и 125 КС. Десетгодишната гаранција е стандард, како што е впрочем за сите модели од гамата на Toyota. Нашиот тест на Yaris Cross можете да го погледнете на следниот линк.
Со моделот извозевме и репортажа во Преспа, во зимскиот период, во којшто малкумина ги имаат видено убавините на крајот.
На пат со Toyota Yaris Cross: Имате забележано колку е убава Преспа зиме?
















