Во Калифорнија само електрични автомобили во продажба по 2035 година

Toyota поставува нови станици за водород во Јужна Калифорнија

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, уште во септември 2020 година го најави планот за збогување со возилата што користат обичен погон, односно само бензински мотор, по 2035 година.

Одборот за воздушни ресурси на Калифорнија го одобри гласањето за новите закони, со коишто почнувајќи од 2026 година, секоја наредна година ќе се воведуваат построги норми за чистотата на издувните гасови од возилата. Останува уште администрацијата на Бајден да ги одобри новите барања, пред планот да почне да се применува.

Калифорнија го следи примерот од Европската Унија, за збогување со автомобилите со мотор со внатрешно согорување, со цел да се смали емисијата на СО2, којашто се поврзува со климатските промени. ЕУ планира по 2035 година да дозволи продажба само на чисто електрични автомобили.

Златната држава го забрза планот и воведува строги стандарди за емисијата од возилата, пред федералните власти и пред останатите американски сојузни држави. Петнаесетина сојузни држави ги усвоија претходните мерки за нулта емисија на Калифорнија.

Експертите очекуваат дека загадувањето од лесните возила, што предизвикува смог, ќе се намали за 25 проценти до 2037 година.

Со новите закони се предвидува 35 проценти од продажбата на нови автомобили да отпаѓа на приклучни хибриди, батериски електрични или водородни електрични автомобили до 2026 година. Следен чекор е уделот да се зголеми на 68% до 2030 година, а потоа и до 100% во 2025 година.

До 2030 година, во земјата ќе се продадат за 2,9 милиони помалку нови автомобили со бензински мотор, односно дури 9,5 милиони нови автомобили помалку, до 2035 година. Стив Даглас, потпретседател на Алијансата за автомобилска иновација, којашто ги претставува General Motors, Volkswagen, Toyota и останатите производители, цени дека се „новите закони се воведуваат најголемите трансформации во историјата на автомобилот.“

Федералните закони за штетна емисија моментно досегаат само до 2026 година, за разлика од Калифорнија, каде што се предвидува и во секоја наредна година да се воведуваат построги барања.

Бајден одбива да постави датум до којшто ќе биде дозволено во земјата да се продаваат возила што користат само обичен погон. Седумнаесет сојузни држави ги прифатија законите за намалување на штетната емисија од автомобилите на Калифорнија, додека 15 држави застанаа зад калифорниските барања за возила со нулта емисија на штетни материи.

Во Калифорнија се регистрирани 1 милион електрични автомобили

Претходна објаваToyota Yaris Cross за една година до 100.000 примероци
Следна објаваKia Sportage најпродаван модел во Македонија во јули – заедно со Fiat Tipo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here