Tesla гасне полначи во Кина, хидроцентралните немаат вода

Енергетската криза во Кина остава последици и врз сопствениците на електрични автомобили. Производителите на автомобили, меѓу нив Tesla и Nio, ја прекинаа работата на повеќе станици со полначи.

Корисничките мобилни апликации покажуваат дека не работат станиците за полнење во Ченгду, во провинцијата Сечуан. Земјата се соочува со најголемата суша по 1960-те години, којашто оневозможи хидроцентралите да произведуваат струја, а во исто време предизвикува топлински бран, којшто доведе до огромен раст во потрошувачката на струја. Соседниот град Чунцин се соочува со истите проблеми.

Nio пушти информација во својата апликација со мапа на полначи, во којашто на сопствениците им соопштува дека се исклучени неколку станици во Ченгду, во коишто се врши замена на празните батерии со полни, поради „сериозно преоптоварување на мрежата во периодот со високи температури“.

Tesla исклучи или ги ограничи услугите на десетици станици со брзи полначи во два града, оставајќи само две станици, но само во ноќта на 17-ти август. Веста ја објавија локалните медиуми, повикувајќи се на писмо од возач на Tesla.

Рестрикциите во Сечуан преедизвикаа проблеми и за производителите, вклучувајќи ги Toyota и производителот на батерии Contemporary Amperex Technology Co., коишто мораа да ја прекинат работата во своите фабрики.

Teld New Energy, оператор со околу 300.000 полначи во Кина, советува возачите да проверат дали работат полначите, пред да заминат на пат, бидејќи локалното електроснабдување побарало некои станици со полначи да бидат затворени. Компанијата нуди повластени цени за корисниците што ќе ги полнат своите автомобили доцна во ноќта или во рани зори, со цел да се избегне времето кога мрежата е најоптоварена.

Во меѓувреме, Nio ги замолува корисниците во Сечуан да ги понудат за користење своите домашни полначи во периодот меѓу 20-ти август и 20-ти септември. Некои возачи ги заменуваат своите целосно наполнети батерии за речиси испразнети батерии на станиците за замена, за да им помогнат на своите колеги возачи.

ЕУ вложува во три соларни електрани во Битола и железничко поврзување со Софија

Претходна објаваПочнува производството на Mercedes EQS SUV, дизајнерот ни е многу познат
Следна објаваToyota Yaris Cross за една година до 100.000 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here