за

Почнува производството на Mercedes EQS SUV, дизајнерот ни е многу познат

Во фабриката на Mercedes-Benz Cars во Алабама, САД, денес започна сериското производство EQS SUV, најпретсавителниот електро-модел на марката. Славче Таневски испраќа поздрави.

Фабриката во Таскалуза започна со производство на луксузниот EQS SUV. Батериите за електричниот СУВ доаѓаат од неодамна отворената фабрика на Mercedes-Benz во Биб Каунти, Аризона. Посебно се внимава да се постигне затворен синџир на производство што е неутрално во поглед на климата.

Mercedes EQS SUV е осмиот модел со погон само на струја, што марката со сребрената ѕвезда го произведува во својот индустриски синџир, што покрива седум фабрики на три континенти. Престижниот СУВ од ранг на S-Class, односно GLS, ќе се произведува само во Алабама и оттаму ќе се испорачува ширум светот.

Во фабриката на MercedesBenz во Таскалуза стартуваше производството на СУВ-модели уште во 1997 година, тогаш со ML. Наскоро таму ќе започне и производството на EQE SUV, за нијанса помал модел, но секако и тој луксузен, во ранг со GLE.

Фабриката произведува со најсовремени дигитални, одржливи, ефикасни и приспособливи методи, применувајќи го истиот концепт како Factory 56 во Зинделфинген, практично фабрика од иднината.

Локалното производство на батерии е важен чинител за успехот на електро-офанзивата на Mercedes-Benz

Новата фабрика за батерии во Биб Каунти работи од март и на линија долга 300 метри организира изработка на батерии на 70 работни позиции. Батеријата на EQS SUV користи модуларна архитектура и се користи во лимузините EQS и EQE.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од 1990-те години, Mercedes-Benz има вложено повеќе од 7 милијарди долари во Алабама. Од тоа, на фабриката за батерии отпаѓа една милијарда. Во Mercedes-Benz U.S. International (MBUSI) моментно работат 4.500 лица. Дополнителни 11.000 работни места се обезбедуваат кај добавувачите и во логистиката. Од 1997 година, во Таскалуза се произведени близу 4 милиони возила. Само лани се произведени 260.000 СУВ-модели. Две третини од продукцијата заминува за извоз, а MBUSI со тоа се вбројува како еден од најголемите извозници на автомобили од САД.

New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes EQS SUV е дизајниран од македонскиот дизајнер во Штутгарт, Славче Таневски, кој оваа висока чест да го создава изгледот на најпретставителните модели на марката, ја стекна по десетгодишен ангажман во компанијата. Претходно, младиот дизајнер го потпиша и изгледот на Mercedes-AMG SL, кој имаше и македонска премиера. Од EQS SUV ќе се развие изведба на Maybach.

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa Romeo Tonale може да биде и Dodge Hornet

Tesla гасне полначи во Кина, хидроцентралните немаат вода