за

Toyota Verso со дизелски мотор од BMW

Новата Toyota Verso од следната година ќе вози со дизелски мотор од BMW. Ова е прв чекор од техничката соработка меѓу германската и јапонската марка.

Дизелскиот мотор во компактниот ван има зафатнина од 1,6 литар и моќност од 112 КС. Во основата тоа е истиот мотор од актуелната серија 1 на BMW и од претходната генерација на Mini. Штедливоста на дизелските агрегати на Баварците беше главната причина за Toyota да ги избере нивните мотори за вградување во моделите од својата гама.

Во 2011 година BMW склучи договор со Toyota за испорака на дизелските мотори со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри. Ванот Verso е прв модел на Toyota што добива мотор од BMW и од следниот месец ќе се произведува во фабриката на Toyota во Адапазари, Турција. Со овој мотор Verso ќе може поуспешно да се соочи со конкурентите Opel Zafira Tourer и Renault Scenic, чии што купувачи претежно се решаваат за дизелски мотор под хаубата.

Соработката меѓу двете марки се проширува и на заеднички развој на водороден погон, како и спортски автомобил. Се најавува и револуција во погонот на електричните автомобили, со литиум-воздух батерии.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Експерти тврдат дека нафта ќе има уште долго

Volvo ќе пушти 100 автомобили да возат самостојно