за

Експерти тврдат дека нафта ќе има уште долго

Светските резерви од нафта ќе држат уште долго време – открива студијата на Roland Berger. Заслугата за тоа е во новите методи на експлоатација. Но, тоа не значи дека нафтата ќе поевтинува.

Добра вест за светот на автомобилизмот, но и општо за светот. Во видно време нема да се случи тесно грло во снабдувањето со нафта. Тоа е заклучокот од студијата на консултантската компанија Roland Berger. Напротив, денес има дури и повеќе нафта од предвидувањата! Иако постојано расте интензитетот на експлоатација на нафта, светските резерви се дури зголемени, тврди студијата насловена „Дали ни снемува нафта?“ Заслугата за тоа е во усовршените методи на експлоатација на нафтата. Освен од конвенционалните извори во подземните наоѓалишта, кои се проценуваат на 2,6 милијарди барели, нафта се експлоатира и од неконвенционалните резерви, како шкрилци, кои се ценат на 3,3 милијарди барели.

Проблемот е во тоа што овој начин на добивање нафта е штетен за животната средина, но е исто така и технички комплициран, а со тоа и цената е повисока отколку од конвенционалните извори на нафта. Поради тоа, цената на барел сурова нафта во следните години нема да се спушти под 70 долари. Дополнителен фактор претставува и тоа што индустрискиот раст во земјите во развој ќе предизвика натамошно зголемување на потрошувачката на енергенси. За пример, Саудиска Арабија, Кина и Индија, како три од петте земји со најголема потрошувачка на нафта во светот, ја зголемија потрошувачката за 35 проценти во периодот од 2006 до 2011 година.

Од друга страна, експертите на Roland Berger предвидуваат дека со полесниот пристап до енергијата од обновливи извори и со популаризацијата на погонот на струја и хибридниот погон светот ќе надомести за зголемената потреба од нафта на земјите во развој и со тоа ќе се одржува стабилноста на цената на црното злато.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕСЕН МОТОРШОУ 2013: Собир на позитивно луди автомобилџии

Toyota Verso со дизелски мотор од BMW