Јапонскиот производител на автомобили Toyota стекна удел во познатата служба за посредување за превоз Uber.
Toyota купи удел во акциите на Uber. Производителот на автомобили стекна удел во висина од 10,25 проценти во контроверзната американска служба за посредување за превоз Uber. Тоа го чинеше јапонскиот производител 293 милиони американски долари, односно околу 260 милиони евра.
Во исто време, Toyota го скуси својот удел во останатите компании, како во производителот на алати OSG, во Nippon Steel и во добавувачите Ichikoh Industries и Mitsuboshi Belting.
Uber неодамна мораше да скуси уште 3.000 работни места поради корона кризата, откако во минатите месеци отпушти 6.700 работници.
















