Toyota обично ги рекламира своите спортски модели од семејството GR дека се автомобили со вградена гаранција за возачко уживање. Тоа ѝ донесе три победи на марката во изборот на германскиот магазин Sport Auto.
Toyota GR Yaris е победничка во категоријата на сериски автомобили од градската класа, додека Toyota GR86 е најдобро сериско купе со цена до 50.000 евра.
Читателите на специјализираниот германски магазин за спортски автомобили по 30-ти пат даваа глас за најспортските сериски модели, за тјунирани автомобили и за најомилени марки. Годинава се гласаше за 156 сериски модели во 18 класи, за 76 тјунирани автомобили во десет категории и за најдобри марки во 20 категории.
GR-моделите на Toyota се инспирирани од разновидното и успешно учество на марката во мотоспортот. Тоа прави овие автомобили да се речиси претплатени на награди за спортски модели. Покрај спортскиот изглед, моделите се одликуваат со технички посебности, што гарантираат максимално возачко уживање на тркачка патека и во секојдневието.
GR Yaris го повтори минатогодишниот двоен успех. Toyota кажува дека со овој автомобил го донесува на улиците серискиот победник и светски шампион од светското првенство во рели. Трицилиндарецот со турбонатполнење и 261 КС ослободува максимален вртежен момент од 360 Nm. Спринтот трае само 5,5 секунди. Погон на сите тркала GR-FOUR го распределува вртежниот момент на предната и задната оска, зависно од условите и потребите, со цел да се постигне врвна тракција. Лесниот покрив од пресуван карбон и тркачките сопирачки со дводелни дискови од по 356 милиметри исто така се меѓу псоебностите на GR-моделот.

Понудата од неодамна ја заокружува новата Toyota GR86, којашто успеа да ги убеди читателите уште во своето прво појавување во изборот. Со мотор напред, погон назад, новакот ги следи основите на класичните спортски автомобили. Моторот е боксер, атмосферски, со зафатнина од 2,4 литри, со моќност од 235 КС и вртежен момент од 250 Nm. Целта на развојот била да се понуди рамномерно забрзување до највисоки вртежи, во комбинација со крута каросерија, ниска тежина и ниско тежиште.
View this post on Instagram
Во гласањето за „Sport Auto Awards“ учествуваа 9.689 читатели. Повеќе станува збор за наградна игра со пријавување лични податоци, отколку за гласање од типот „кој ќе кликне најмногу на фејсбук“, што прави исходот од изборот да биде мошне релевантен. Најсреќниот читател или читателка ќе може во период од една година да се служи со Renault Alpine A110 S, со сите платени трошоци, како услуга што вреди 15.000 евра.
Тест · Toyota Corolla GR Sport : Кого уште засега колку троши хибрид?
















