за

Хибридната Toyota RAV4 доби топ оцени од клубот АДАК

Toyota RAV4 Hybrid adak
Toyota RAV4 Hybrid adak

Еко-тестовите на клубот АДАК се прочуени по нивната објективност и беспоштедност. Бројни модели со примерна грижа за животната средина паднале на тестот. Тоа не е случај со Toyota RAV4 Hybrid. Популарниот СУВ освои четири ѕвезди за заштитата на „светот“.

Toyota има уште една причина да се фали со својот RAV4 Hybrid. Компактниот СУВ освои четири од пет ѕвезди на еко-тестот на клубот АДАК, односно доби 78 од можни 100 бодови. Експертите на најголемиот автоклуб во Европа оценуваат врз основа на потрошувачката на гориво, емисијата на СО2 и ниската емисија на штетни материи.

Тестирањето се врши на пробни валци и во реални услови, на пат. Во двата случај, Toyota RAV4 Hybrid покажа солидни резултати. Реално изменерената потрошувачка изнесува 5,6 литри бензин на сто километри. Хибридот се покажа уште поделотворен во град, кадешто беше постигната потрошувачка од само 3,6 литри.

По четвртина век од првата генерација, 85 проценти од купувачите во Западна Европа лани се решавале за хибридната изведба на СУВ-моделот. Основа на новиот RАV4 e познатата платформа TNGA, којашто најмнопгу промени носи во динамичните возни својства, покрај напредокот во сите останати подрачја.

Во штедењето не учествува само електромоторот, туку и рекордно високата ефикасност на безнинецот од 41 проценти

За поголемата динамичност придонесува новата погонска спрега со 2,5-литарски четирицилиндарец со 218 КС во изведбата со погон напред, односно со 222 КС со погон на сите тркала. Со 41 проценти, моторот кој работи според еткинсконовиот принцип постигнува шампионска вредност на ефикасноста во светски рамки. Краткоодниот агрегат се одликува со висок степен на компресија 14,0:1, комбинирано индиректно и директно впрскување D-4S, интелигентна работа на вентилите, намалено внатрешноо триење, прави вшмукувачки канали и вентили под остар агол со ласерски заварено седиште на вентил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Покрај емисијата на СО2, на тестот на АДАК се проверува и дали се задоволуваат лимитите во поглед на јаглероден моноксид (СО), азотни оксиди (Nox), јаглеводороди (HC) и неразградливи честички гареж.

Моделите на Toyota имаат традиција со високите пласмани на тестот на АДАК. Toyota Prius има 94 од 100 бодови, уште подобар е Prius Plug-in Hybrid со 97 бодови, додека лимузината со водороден погон Mirai има 93 од сто бодови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford prodazba germanija

Ford со најдобар јули во Германија во последните 22 години

полначи за електрични возила

Електромобилите ќе полнат за неколку минути, но има еден проблем