за

Оваа Toyota не вози право

Toyota на американскиот пазар го гради имиџот по малку различно отколку што ја познаваме во Европа. Таму почнува кампањата за GR Corolla, видеата се заразно гледливи.

Toyota денес ја почнува масивната кампања во САД за својата прва GR Corolla, којашто е насловена „Rally Ready”. Како најнова членка на семејството Gazoo Racing (GR), таа им се придружува на GR86 и GR Supra. Многу холивудски елементи во серијата видеа што се темпирани за стартот на GR Corolla.

Првата дама во маркетингот на Toyota за Северна Америка, Лиза Матерацо, најавува дека „целосно новата GR Corolla се придружува во семејството GR и ги спојува возачите и асфалтот, со возила што прават срцето да прескокне по некое отчукување“, алудирајќи на возбудата што ја посредуваат овие модели.

За кампањата што ја прикажува новата возбуда за марката Toyota се одговорни Saatchi & Saatchi, Conill Advertising и Intertrend Communications.

Публиката е мошне извесно дека ќе се одушеви најмногу од спотот „Running Wild“ создаден од Saatchi & Saatchi за кампањата за GR Corolla. Спотот прво го прикажува триото спортски машини на Toyota, наместени за семејно фото. GR Corolla одненадеж влетува во кадар во странично лизгање. За сите следни сцени е заедничко тоа што автомобилот во ниту еден момент не е прикажан како вози нормално, значи право. GR Corolla постојано е во рели сцени, во странично лизгање, со многу прашина.

Saatchi исто ги креираше и “Meet the Family” со GR Supra, и and GR Corolla. Два спота во кампањата се дело на Intertrend Communications

Клучните детали за Toyota GR Corolla:

  • Трицилиндарски мотор од 1,6 литар со турбонатполнење, 300 КС и 400 њутнметри
  • Погон на сите тркала GR-FOUR со можност за приспособување на распределбата меѓу двете оски
  • Три моделски изведби: Основна (Core), ексклузивна Circuit Edition во првата пазарна година и лимитирана серија MORIZO Edition
  • Создадена со искуството во рели и тестирана според највисоки стандарди, поставени од претседателот Акио Тојода и од професионални возачи на TOYOTA GAZOO Racing
  • Произведена со врвно мајсторство во Мотомачи
  • Цена во САД, $35,900

Toyota GR Corolla: Од дома право на трка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQE SUV му парира на BMW iX

Jeep планира вистински „џип“ од новиот Avenger