за

Toyota GR Corolla: Од дома право на трка

Светската премиера на најновиот GR-автомобил не беше случајно во Лонг Бич и на 1-ви април. Новата сезона во формула дрифт е на прагот, Toyota GR Corolla одговара совршено.

Моделското семејство што носи тркачки гени на Toyota Gazoo Racing дури сега е комплетно. Corolla ја донесе првата победа на Toyota во рели во 1973 година, потоа следеа уште неколку автомобили под ова легендарно моделско име, што ја зацврстија традицијата на Toyota во мотоспортот. Време е за Toyota GR Corolla.

Најавите завршија, нема повеќе шпекулации и нагаѓања, Toyota GR Corolla е на сцена и дефинитивно ќе остане ѕвезда. Со спортската изведба на Corolla вистински се заокружи GR-моделското семејство, со GR Yaris, GR Supra и GR86. Пред близу половина век, TE25 Corolla ја донесе првата победа на Toyota во светското рели, по што следеше победата на Corolla Levin на финското рели 1000 Езера во 1975 година. Секако дека шефот највешто си ги опишува автомобилите од концернот што го води. За претседателот Акио Тојода, со овој автомобил се „враќа Corolla што ги освојува нашите клиенти“.

Развојот на GR Corolla цело време ни се одвиваше буквално пред очи, со Моризо зад воланот, што е тркачкиот псевдоним на Тојода-сан. Во моќната тркачка серија Супер Таикју учествуваше Corolla, за којашто се знаеше дека во моторот согорува водород како погонско гориво. Но, во исто време, се одвивало и дотерување на подвозјето, оптимизација на каросериката структура, на многу нешта. Во развојот на grrrr-corolla учествуваа и професионалниот тркач Хироаки Ишиури и победникот во јапонското рели Норихико Кацута.

Моторот е зајакната верзија на 1,6-литарскиот трицилиндарец со турбонатполнење и интеркулер, од GR Yaris. Моќноста порасна на 224 kW (304 КС). Погонот на сите тркала GR-FOUR исто така е оптимиран за Corolla.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Ширината на предната оска е зголемена за 60 милиметри, додека назад плусот изнесува 85 милиметри. Тоа е сосем јасно, овој автомобил е создаден, во свијоците да биде како залепен за патот. Функционалноста на каросеријата не е чепната, GR Corolla ќе може да се користи во секојдневието исто како нејзината цивилна верзија.

Предните крила се проширени за 20 милиметри, назад исто така има 30 милиметри повеќе простор за тркалата, а воедно има и за око. Ефектни се трите издувни цевки назад, коишто излегуваат од заеднички издувен лонец.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Одовите на мануелниот менувач се скусени, нема електрична, туку класична механичка паркирна сопирачка. Тоа е поздрав до дрифтерите. Дигиталните инструменти се развиени посебно за GR, со шема што е инспирирана од мотоспортот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Погонот на сите тркала GR-FOUR користи електронски контролирана повеќеламелна спојка, којашто овозможува променлива распределба на вртежниот момент меѓу двете оски, исто како во GR Yaris. Разликата кај GR Corolla е во тоа што модусот 4WD е одвоен од модусот Drive, којшто ги регулира реакцијата на моторот, управувањето и други нешта. На тој начин се овозможува возачот сам да избира, по желба или според условите на патот.

Производството е во престижната фабрика Мотомачи, прочуена по Lexus LFA. Каросеријата е зајакната со шипки меѓу задните поткрила, во подниот тунел и во делот пред резевоарот, заради подобрување на управливоста. По пример на GR Yaris, покривот е од карбон, со примена на посебна технологија на изработка, што овозможува поголема слобода при изведувањето на формата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Основни технички податоци · Toyota GR Corolla (развојни вредности за моделот за пазарот во САД)

Должина [mm] 4,410
Ширина [mm] 1,850
Висина [mm] 1,480 mm including antenna; the roof height is 1,455 mm
Меѓуоскино растојоание [mm] 2,640
Трага Напред [mm] 1,590
Назад [mm] 1,620
Седишта 5
Тежина [kg] 1,475
Мотор 1.6 литар, три цилиндри, интеркулер, турбо
Тип G16E-GTS
Пречник x Од [mm] 87.5 x 89.7
Зафатнина [liters] 1.618
Компресија 10.5
Моќност [kW(КС)/rpm] 224 (304) / 6,500
Вртежен момент [N・m (kgf・m)/rpm] 370 (37.7)/3,000-5,550
Пренос iMT (6-степен мануечен менувач)
Погон GR-FOUR 4WD систем
Електронски контролирана повеќеламелна спојка 4WD (со 3 модуси)
Преносни односи
1 / 2 / 3 / 4 / 5 / 6 / Назад
3.538 / 2.238 / 1.535 / 1.162 / 1.081 / 0.902 / 3.831
Пренос во диференцијал
1-4 / 5, 6, назад
4.058 / 3.45
Диференцијали Напред Torsen®*7LSD
Назад Torsen®*7LSD
Суспензија Напред MacPherson
Назад По две триаголни водилки
Сопирачки Напред Проветрувани дискови (18 инчи, алуминиумски сопирачки клешти со 4 клипови)
Назад Проветрувани дискови (16 инчи, алуминиумски сопирачки клешти со 2 клипови)
Тркала 18 инчи, сјајна црна боја, 15 краци
Гуми 235/40R18 Michelin Pilot Sport 4
Резервоар [L] 50

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Во Тојота Сити од денес на должност 1.104 нововработени

Звучници Lamborghini се изработени од карбон и чинат колку Golf