Во Тојота Сити од денес на должност 1.104 нововработени

Големите автомобилски корпорации се организирани подобро и од држава, секој ден донесува по некоја голема новина. Тојота Сити, градот на Toyota, објави дека од денес пречекува повеќе од илјада нови високостручни и способни лица што ќе пристигаат на своите работни места.

Секако дека тоа е интересна и добредојдена информација, во време кога и глобално најмоќните бизниси трпат последици од пандемијата. Корпорацијата Toyota Motor во текот на претходната фискална година, од 1-ви април 2021 до 31-ви март 2022, регрутирала 1.480 нови работници. Од нив, 1.104 лица почнуваат со работа во седиштето на компанијата во Тојота Сити денес, на 1-ви април.

Број на нови вработувања во Toyota (од 1-ви април, 2022)

Тип на работа FY2023 FY2022
Администрација 75 53
Инженери 293 302
Службеници 25 26
Техничари 609 568
Здравствени услуги 101 91
Спортски активности 1 5
Вкупно 1,104 1,045

Организацијата во рамките на самата компанија мора да функционира исто толку беспрекорно, како што тоа функционира во автомобилите што изглегуваат од фабриките на јапонската корпорација. Најголемиот број нови вработувања е на техничките позиции и тоа секако дека не е изненадување во корпорација што произведува возила. Тоа што се забележува е релативно големиот број вработувања во здравствените услуги. Редовните и заеднички организирани спортски активности на работното место очигледно не се празна приказна. Соодветно на новите вработувања се ангажираат и нови тренери.

Новите вработувања произлегуваат од „регрутациите“ во претходните години

Тип на работа FY2022 FY2021
Администрација 94 88
Инженери 449 531
Службеници 26 30
Техничарски позиции Редовно 514 541
Вонредно 173 199
Академија Toyota за техничка квалификација Средно
образовна програма
111 126
Напредна техничка квалификација 113 120
Вкупно 1,480 1,635

Претходна објаваVolvo за најпрестижниот настан во коњички скокови во Париз
Следна објаваToyota GR Corolla: Од дома право на трка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here