за

Jeep планира вистински „џип“ од новиот Avenger

Jeep 4×4 Concept е пазарна вежба на менаџерите на марката, за верзија од новиот Avenger, што ќе има погруб теренски изглед и погон на сите тркала. Електричниот погон се подразбира.

Jeep Avenger 4×4 Concept има поширока трага, подебели гуми и помасивна заштита на каросеријата. Дел од концептот е систем за прицврстување товар вез покривот со помош на јажиња, што е полесен во споредба со класичните багажници.

Новиот модел на Jeep им поттикнува инспирација во легендарната американска марка. Avenger 4×4 Concept е идеја за верзија со погон на сите тркала од новиот малечок и целосно електричен модел Avenger. Концептот го покажува изгледот на идната верзија со погон на сите тркала, изјави извршниот директор Кристијан Муние, при откривањето на новитетот на салонот во Париз.

Концептниот автомобил Avenger 4×4 се разликува од стандардниот модел по деталите коишто покажуваат дека станува збор за возило што е способно за теренско возење. Промените се во предниот браник, во којшто е вграден дополнителен пар светла, во металната рамка околу долниот отвор за воздух, а се забележуваат и куки за влечење.

Сериската изведба што ќе произлезе од Avenger 4×4 ќе биде прв модел врз платформата на моделот, во којшто инженерите применуваат електромотор за задната оска. Сосем јасно, заедно со електромоторот за предната оска, се постигнува погон на сите тркала, без потреба од користење тешко и масивно карданско вратило. Jeep уште не открива датум кога официјално би стартувала изведбата со погон на сите тркала.

New item by Automedia MK / Google Photos

Jeep тврди дека концептот располага со подобри теренски својства, не само поради дополнителното впрегнување на задните тркала, туку и поради зголемувањето на растојанието од подлогата на преку 200 милиметри, колку што има стандардниот Avenger со погон напред.

Специјален систем Selec-Terrain ќе нуди избор од шест програми за возење, од коишто три се посебно приспособени за да обезбедат најдобра можна тракција во кал, снег или песок.

Бројот на мали СУВ-модели што нудат погон на сите тркала е незначителен, иако нивниот сегмент годинава стана најпродаван пазарен сегмент во Европа, пред градските автомобили и класичните компакти.

New item by Automedia MK / Google Photos

Единствениот СУВ-модел со елеткричен погон и со погон на сите тркала што се нуди во моментов е Smart #1 Brabus. Традиционалниот тјунер на Mercedes-Benz сепак става повеќе нагласок на перформансите, отколку на теренските својства.

Меѓу конкурентите на Avenger 4×4, коишто располагаат со хибриден погон, спаѓа и самиот Jeep Renegade 4×4 со приклучен хибриден погон, којшто со 4,23 метри е подолг во споредба со 4,08 метри на Avenger.

Единствени останати модели со хибриден погон во сегментот се Toyota Yaris Cross Hybrid и Mini Countryman со приклучен хибриден погон

Стандардниот Avenger ќе биде прв модел на Jeep што се нуди во целосно електрична изведба. Продажбата во Европа стартува напролет. Во Шпанија и во Италија, новиот Jeep ќе се нуди и во изведба со бензински или дизел мотор, меѓутоа не и во верзија со погон на сите тркала.

Avenger е конструиран врз верзија од втората генерација на платформата за електрични возила eCMP на Stellantis. Тоа е платформа, односно техника, што веќе е докажана во Peugeot e-208/е-2008, Opel/Vauxhall Mokka и во Citroen e-C4.

Тест · Toyota Yaris Cross Hybrid AWD · Сé што знае Toyota, на едно место

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа Toyota не вози право

Франција дава повеќе субвенции за електро-возила за домаќинства со помал буџет