за

Mercedes EQE SUV му парира на BMW iX

Со електричниот EQE SUV, Mercedes пушта модел во пазарна трка против BMW iX, но и против новиот Volvo EX90 и Maserati Grecale Folgore. Погонот на струја станува вообичаена ставка во премиум врвот.

Mercedes-Benz продолжува со проширување на својата понуда од модели со чисто електричен погон и го претставува EQE SUV. Со овој модел, Штутгарт ќе му се спротивстави на BMW iX, којшто е меѓу петте најпродавани модели во сегментот на големи премиум СУВ-автомобили во Европа.

Mercedes во саботата ја одржа светската премиера на EQE SUV во Париз, меѓутоа новиот електричен СУВ нема да биде прикажан пред публиката на салонот на автомобили во Париз.

EQE SUV располага со батерија од 90 kWh, којашто овозможува досег до 590 километри. Моделот се нуди во две варијанти на моќност, со 215 или со 300 киолвати. За споредба, електричната лимузина EQE има значително поаеродинамична каросерија, па соодветно и досегот изнесува 640 километри.

Извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Келениус, цени дека EQE SUV прави марката да има „најкомплетна“ понуда од електрични модели од кој било производител на автомобили. „Нашите клиенти се движат брзо и ние се движиме со нив“, изјави шефот во неделата, во Париз.

Келениус посочи дека светската продажба на целосно електрични модели на Mercedes се зголемила за 115 проценти во третиот квартал, во споредба со истиот период лани.

Mercedes го претставува EQE SUV како „подинамична“ варијанта на поголемиот EQS SUV, а постојат и клучни разлики во споредба со лимузината EQE. Должината на СУВ-моделот изнесува 4.863 mm, што е 77 mm покусо од лимузината. Меѓуоскиното растојание исто така е покусо, за 90 mm. Затоа и Mercedes укажува дека новиот СУВ на струја е посебно темпераментен.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со доплата, пневматската суспензија може да го зголеми растојанието од подлогата за 30 mm. Со управувана задна оска, што исто така се нуди како опција, со агол на завртување на затните тркала до 10 степени, кругот на вртење се скусува од 12,3 на 10,5 метри.

EQE SUV во почетокот ќе биде достапен само во изведба со заден погон. Подоцна во гамата ќе се придружат варијанти со погон на сите тркала, со електромотор за предната оска. Предниот електромотор ќе се вклучува само по потреба, за да се заштеди енергија и да се постигне подолг досег.

New item by Automedia MK / Google Photos

Основниот модел со погон назад и 215 kW носи ознака 350+, верзијата со погон на сите тркала и исто така 215 kW се води како 350 4Matic, додека врвниот модел 500 4Matic располага со моќност од 300 kW.

Гамата ќе вклучува и две верзии со високи перформанси, под знакот на Mercedes-AMG. Двете верзии имаат погон на сите тркала. AMG EQE 43 постигнува можќност од 350 kW и забрзува до темпо сто за 4,3 секунди. AMG EQE 53, има 505 kW и спринтот го скусува на само 3,5 секунди.

New item by Automedia MK / Google Photos

Производството на EQE SUV ќе започне во декември, во фабриката на Mercedes во Ванс, Алабама. Во август, таму веќе стартуваше производството на големиот EQS SUV, модел што е дизајниран од Славче Таневски. Двата модела ќе зе извезуваат од САД за Европа. Фабриката ќе продолжи со проиводство на моделите со класичен бензински и дизел мотори, во GLS и GLE. Монтажата на батерите се одвива во блиската фабрика на Mercedes, во округот Биб.

Mercedes не ги објавува цените, за ориентација, BMW iX во Германија стартува од 77.300 евра.

Лимузините EQE и EQS, исто како и СУВ-варијантите, базирани се врз архитектурата EVA2 на Mercedes, којашто е наменета за врвните модели од понудата. Останатите модели од подмарката за електрични возила EQ, се EQA, EQB и EQC, коишто ја делат платформата со верзиите со обичен погон, односно со A, B и C-Class.

New item by Automedia MK / Google Photos

EQE SUV е најновиот член во премиум сегментот на големи СУВ и кросовер модели, со остра конкуренција меѓу BMW и Mercedes. Од јануари до август, BMW X5 има постигнато 30.344 продажби во Европа и во мала предност е пред Mercedes GLE, со 29.415 возила. Трет е Volvo XC90 со 17.900 примероци.

Mercedes добива целосно електричен модел во трка против BMW iX, којшто е 4-ти најпродаван модел во целиот сегмент без оглед на погонот, со 12.181 возила. Во сегментот в година се придружуваат целосно електричниот и мошне радикален Volvo EX90, заедно со сестринскиот Polestar 3. Во 2024 година следи целосно електричен Range Rover, исто како и Maserati Grecale Folgore.

Својствено за врвните EQ модели, EQE SUV ја користи технолгијата MBUX Hyperscreen, со едноделно стакло што ги покрива трите посебни дисплеи по целата ширина на кокпитот.

Внатрешноста на EQE SUV е слична со лимузината EQE. Главниот печат го става т.н. хипераналогна арматурна табла со дигитален приказ на тркалезни инструменти.

Со доплата за Hyperscreen се добиваат три посебни дигитални дисплеи, што изгледаат како една целина долж целата арматурна табла, со дигитални инструменти, средишен дисплеј на допир и дисплеј пред совозачкото седиште. Во Европа, од совозачкото седиште може да се следи филм на дисплејот, меѓутоа посебна технологија спречува возачот да ја гледа содржината, заради безбедност.

New item by Automedia MK / Google Photos

Арсеналот од системи за асистенција опфаќа целосна поддршка за автономно возење од Level 2+, вклучувајќи и систем што го запира возилото и спречува да се навлезе во крстосница, кога технологијата ќе препознае дека во крстосницата има возило или возило се приближува со голема брзина. За системот да се онеспособи во случај на погрешна процена, потребно е педалот за гас во таква ситуација да се притисне до крај.

Mercedes промовира можност за вчитување нов соптвер по пат на over-the-air, вклучувајќи помош при влечење приколка, проектирање дигитални знаци, навигација со унапредена реалност и почетнички режим на возење, што не дозволува да се вози побрзо од 120 km/h.

 
1 BMW X5 30,344 -4.1%
2 Mercedes GLE 29,415 -15%
3 Volvo XC90 17,900 -6.5%
4 BMW iX 12,181 New
5 Land Rover Defender 11,460 0.9%
6 Porsche Cayenne 10,513 3.9%
7 Range Rover Sport 8,315 -35%
8 Audi Q8 8,094 -21%
9 Audi Q7 7,145 -34%
10 BMW X6 6,412 -12%

Почнува производството на Mercedes EQS SUV, дизајнерот ни е многу познат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce на Фреди Меркјури се продава за Украина

Оваа Toyota не вози право