за

Rolls-Royce на Фреди Меркјури се продава за Украина

На 5-ти ноември на наддавање во Лондон ќе биде понуден Rolls-Royce од 1974 година, што Фреди Меркјури го купи од втора рака. Средствата ќе бидат наменети за Украина.

Rolls-Royce Silver Shadow за многумина е најдобриот автомобил на сите времиња. Покрај тогашната цена од 140.000 германски марки, дури и најскапиот Mercedes 450 SEL 6.9 изгледаше како дисконтна понуда.

Во трите децении во коишто се произведуваше, Rolls-Royce Silver Shadow ниту на момент не беше технолошки најнапреден, ниту најбрз или најсилен. Но, тој е Rolls-Royce, изработен рачно до последната завртка. Таков примерок наскоро ќе се најде на наддавање, сопственик беше еден од најпознатите музичари на планетата.

Silver Shadow своевремено добиваше критики дека слабо држи правец, дека е тромав во свијоци и има просечни возни својства, меѓутоа Rolls-Royce го имаше вистинскиот одговор. Британците одговараа на критиките, дека тие произведуваат автомобили за личности коишто веќе имаат постигнато нешто возвишено во животот и на коишто не им се брза.

Фреди Меркјури имаше постигнато многу, кога во 1979 година го купи својот прв Rolls-Royce. Светските хитови, како „Bohemian Rhapsody“ од 1975 година, му донесоа светска слава и богатство на бендот Квин. Меѓу 1979 и 1985 година, Квин снимија уште бројни светски хитови во студијата на Мјузикленд во Минхен. Турнејата во 1986 година, требаше да биде поздравна турнеја.

Фреди Меркјури нема поминато многу километри со Rolls-Royce. Тој веројатно никогаш не седнал зад воланот, затоа што и не поседувал возачка дозвола. Менаџерот на Квин, Џим Бич, раскажува дека Меркјури на снимањето на видеото за „We will Rock you“ пристигнал со Silver Shadow во градината на вилата на Роџер Тејлор во Сари.

Автомобилот со ознака WLX 293M се појавува во видеото. Во автомобилот биле потпишани неколку договори за бендот. Rolls-Royce бил купен преку продукциската компанија Goose Productions Ltd. На некои сервисни сметки стои името на Мери Остин, блиска пријателка на Меркјури.

По смртта на Меркјури во ноември 1991 година, автомобилот го возела неговата сестра Кашмира Кук. Таа го понудила луксузниот крстосувач на Ebay во 2005 година, кога највисоката понудена цена била 11.000 евра.

Сегашниот сопственик не е непознат. Андриј Данилко настапил на Евровизија во 2007 година, под името Верка Сердучка и го освоил второто место за Украина. Данилко го купил Rolls-Royce на Фреди во 2013 година, на наддавање во Coys. Тогашната цена била 82.000 евра. Средствата од претстојната продажба ќе бидат наменети за добротворни цели, односно ќе отидат на сметката Superhumans во Украина. Организацијата им помага на повредените во земјата и меѓу другото учествува во изградбата на болница во Лaвoв.

Рекорд на Rolls-Royce, лани испорачани повеќе од 5.000 автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault 4ever Trophy е најава за електричен СУВ-модел во 2025

Mercedes EQE SUV му парира на BMW iX