за

Renault 4ever Trophy е најава за електричен СУВ-модел во 2025

Сериската изведба на целосно електричниот СУВ-модел Renault 4ever Trophy ќе започне со продажба во 2025 година.

Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, на штотуку отворениот Салон во Париз го претстави концептното возило 4ever Trophy. Автомобилот е способен за теренско возење, има проширени крила, вози високо на тркала од 19 инчи и располага со систем за пумпање на гумите.

Салонскиот автомобил Renault’s 4ever Trophy го најавува целосно електричниот СУВ-модел со компактни димензии, што француската компанија ќе почне да го продава во 2025 година. Претставен денес на салонот во Париз, 4ever Trophy црпи инспирација од оригиналниот Renault 4. Тој е легенда, што од лансирањето во раните 1960-ти години привлече милиони купувачи со својот концепт на едноставен, практичен и издржлив автомобил. Серискиот модел, што е веројатно дека ќе ја носи ознаката Renault 4, се придружува на уште еден електричен ретро-модел, којшто се повикува на историјата на марката, на Renault 5.

Профилот на 4ever Trophy (името „Trophy“ се однесува на трката во издржливост што се одржува секоја година со историски Renault 4) со околу 95% соодветствува со изгледот што ќе го има серискиот модел. Тоа го кажуваат менаџерите на Renault.

Меѓу ретро деталите од оригиналниот Renault 4 се задните светла со изглед на капсула, малите трапезовидни прозорци назад и испакнатиот заден поклопец. Историскиот модел се препознава и во исправениот нос, со тркалезни светла вградени во рамната маска.

Салонскиот автомобил е способен за теренско возење, со широки крила, тркала од 19 инчи со вградени пумпи за воздух во гумите. Покрај впечатливо големото растојание од подлогата, концептот располага и со авантуристичка опрема, вклучувајќи лопати и резервно тркало на покрив.

Renault 4ever Trophy е долг 4.160 mm и со тоа е незначително покус од Captur (4.223 mm). Од техниката на концептот, во серискиот модел модел може да се очекуваат батеријата од 42 kWh и електромоторот од 100 kW.

Сандип Бамбра, директор за напреден дизајн на Renault, на настанот за медиумите пред отворањето на салонот изјави дека оригиналниот Renault 4 бил „прво возило за повеќе намени”, популарно и меѓу градските и руралните возачи. Моделот е посебно ценет поради високото растојание од земја и големиот багажник. Новиот Renault 4 ќе го задржи тој карактер, посочи дизајнерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault France (@renault_france)

Renault се вклучи мошне рано во сегментот на малите СУВ-модели, со Captur. Французите сега имаат големи очекувања од Renault 4. Лор Грегоар, директорка за развојот на 4ever, посочи дека уделот на малите СУВ-модели со целосно електричен погон ќе достигне 45 проценти до 2027 година. Во моментов, нивниот удел изнесува 5,3 проценти.

Меѓу тековните модели со целосно електричен погон во сегментот се вбројуваат Opel Mokka-e и Peugeot e-2008

Renault се надева дека носталгијата ќе ги води купувачите и ќе ја движи продажбата на новите изданија на R4 and R5. Двата електрични модели неколку години ќе се нудат паралелно покрај постоечките модели со обичен погон, Clio и Captur. Тие се нудат и во изведба со хибриден погон, а Captur може да се избере дури и во верзија со приклучен хибриден погон.

Исто како Renault 5, идниот Renault 4 EV ќе ја користи платформата CMF-BEV, во којашто околу половина од деловите потекнуваат од постоечката платформа CMF-B за моделите со обичен погон. Во споредба со првиот мал електричен модел на марката, Renault Zoe, трошоците за платформата се намалени за околу 30 проценти.

Производството на R4 EV ќе се одвива во Мобеж, во северна Франција, којашто е дел од ElectriCity, група за електрични возила и фабрики за компоненти на Renault. За производството на Renault 5 ќе биде задолжена фабриката во Дуе.

Екс-менаџер на Skoda ќе развива нови модели за Renault

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Основачот на марката електрични камиони Nikola осуден за измама

Rolls-Royce на Фреди Меркјури се продава за Украина