По петчасовно заседавање, поротата го прогласи Милтон за виновен, во обвинителната точка за измама со вредност на акции и во уште две точки за измама преку електронскa банкарска дознака. Милтон е ослободен од дополнителни две точки за измама.
Во текот на постапката во Федералниот Суд во Менхетен, обвинителите го прикажуваа Милтон (40) како „измамник“, кој уште од 2019 година ги мамел инвеститорите околу технологијата на електричен и водороден погон, со којашто наводно располагал производителот на камиони Nikola.
Обвинението за Тревор Милтон, од сојузната држава Јута, пристигна во јули 2021 година. Тој ја напушти компанијата Nikola во септември 2020 година, откако таа во пријава од берзанските шпекуланти Hindenburg Research беше посочена како „измама“.
Милтон е обвинет за користење друштвени мрежи и телевизиски интервјуа, подкасти и објави во печатот, за да изнесе лажни податоци и погрешни наводи околу камионите на Nikola и технологијата во истите.
Невистинити се изјавите дека Nikola целосно самостојно произвел камион со погон на струја и на водород, потоа дека компанијата развила сопствени батерии, иако истите биле обезбедувани од друга компанија, како и изјавата на Милтон дека е постигнат голем успех во развојот на влекачот Nikola One, иако тој знаел дека камионот е нефункционален.
Милтон почна да ги изнесува лажните изјави за камионите Nikola, откако компанијата се придружи на масата технолошки компании и потенцијални производители, што пренствено се основани со цел да привлечат инвеститори и капитал, потоа да стартуваат на берзата и да се спојат со некоја голема компанија. Тој беше обвинет и за измамата на сопстеник на ранч во Јута, којшто го продал имотот во замена за акции на Nikola на берзата.
Судењето започна на 13-ти септември. Обвинителите наведоа дека Милтон бил опседнат со вредноста на акциите на компанијата и ги изнесувал лажните изјави со цел да прикаже дека компанијата вреди повеќе, а воедно и лично да заработи.
Одбраната кажа дека обвинителите ги искривиле изјавите на Милтон за плановите на Nikola да ја растресе автомобилската индустрија.
*NIKOLA FOUNDER TREVOR MILTON GUILTY OF DEFRAUDING INVESTORS
*MILTON FOUND GUILTY ON 3 OF 4 CHARGES, FACES 25 YEARS IN PRISON$NKLA pic.twitter.com/ZGrQv3Ggno
— Investing.com (@Investingcom) October 15, 2022
По пресудата за Милтон, од компанијата Nikola излегоа со изјава дека се „задоволни што тoа поглавје се затвора“ и дека ќе продолжат да работат на создавање вредност за акционерите.
Компанијата лани плати 125 милиони долари отштета на Комисијата за хартии од вредност и берза.