за

Производството на електричното Mini се сели во Кина

BMW ќе го префрли сегашното производство на Mini од Велика Британија во Кина. Станува збор за партнерство со Great Wall, мошне застапен кинески производител на македонскиот пазар.

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

BMW ќе престане со производство на електричната изведба на Mini во Велика Британија. Тоа е уште еден удар за земјата што вложува големи напори, за скромната преостаната домашна продукција на автомобили да ја префрли на електрични модели.

Фабриката на Mini во близина на Оксфорд, Англија, ќе го врати производството на кабриолети во 2025 година. Групацијата BMW сепак реши електричните модели и малечкиот СУВ од марката Mini да ги пресели во Кина. Од компанијата посочија дека за производството на Mini во иднина ќе биде задолжен Great Wall Motor, кинески производител што веќе извесно време остварува успешна соработка со BMW.

Баварската групација во ноември лани најави дека електричните модели на Mini од почетокот на 2023 година ќе ги произведува во новата фабрика во источната кинеска провинција Џангсу.

Велика Британија некогаш беше дом на првиот електричен автомобил од масовно производство во Европа, Nissan Leaf, меѓутоа земјата денес заостанува далеку зад останатите, во поглед на создавањето база за производство на батерии и електрични автомобили.

Блумберг претходно објави дека Britishvolt, фабрика за батерии во којашто британските власти вложуваа масивно, преговара за продажба на матичната фабрика за производство на батериски ќелии.

Jaguar Land Rover, водечкиот производител на автомобили во земјата, исто така преговара со можните снабдувачи со батерии за цела серија нови електрични модели, што ќе се произведуваат во фабриката во Словачка.

Производството на автомобили во Велика Британија замира. Тајмс објави дека BMW престанува со производство на електричното Mini во фабриката во Оксфорд. Дневникот ја цитираше Штефани Вурст, новата директорка на Mini, којашто изјави дека не е исплатливо на иста линија да се произведуваат електрични и бензински модели.

Менаџерката изјави за дневникот, дека електрично Mini повторно ќе се произведува во Британија, меѓутоа за тој модел ќе се користи платформата што е развиена од кинескиот партнер Great Wall. Постоечките производствени ленти ќе се отстранат од фабриката, којашто ќе се трансформира, во неопределен рок.

Редакцијата на Тајмс разговараше и со одговорни лица во Great Wall, кои што изјавија дека во моментов се водат разговори за можно производство на сопствените модели во фабриката во Оксфорд.

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ бара нејзините автомобили во САД да имаат исти повластици како американските

Основачот на марката електрични камиони Nikola осуден за измама