Екс-менаџер на Skoda ќе развива нови модели за Renault

Новиот продукт менаџер на Renault ќе го применува искуството стекнато во групацијата Volkswagen, за развој на идните модели на францускиот производител. Гуидо Хак е новиот стратешки лик во Renault.

Renault го зајакнува својот стратешки кадар со германскиот автомобилски менаџер Гуидо Хак, што стапува директно во највисокиот менаџерски круг. Поранешниот менаџер во Audi и Skoda од 1-ви февруари ја презема одговорноста на „извршен заменик претседател за напредни производи и планирање на ниво на групација“. Како член на управниот одбор, дипломираниот физичар ќе одговара директно пред шефот на концернот Лука де Мео.

Хак (55) доаѓа на местото на Али Каси, кој во минатата година го напушти концернот, со цел да се посвети на работа врз сопствени проекти. Неговата задача во APPG (Advanced Product Planning Group) е долгорочно планирање на понудата од модели на групацијата Renault. Планерите вршат анкетирање на клиентите и утврдуваат што е тоа што клиентите бараат да се промени или подобри кај идните модели. Одделенијата за развој и дизајнерските одделенија потоа проверуваат дали барањата на клиентите може да се се реализираат во производство.

Дипломираниот физичар на Техничкиот Универзитет Берлин долго време работеше како советник во McKinsey, а во 2005 година почна да работи во групацијата Volkswagen. Меѓу одговорностите на Хак се вбројуваат и модуларните системи на заеднички компоненти, односно платформите што ги користи концернот. Во 2015 година следеше преоѓање во Skoda, во Млада Болеслав, каде што Хак главно работеше на електрификациајта на понудата од модели.

„Со своето богато искуство кај големите производители на автомобили, Гуидо Хак ќе претставува силен столб за враќањето на C-сегментот, а со тоа и за успехот на планот Renaulution“, изјави шефот Лука де Мео, за менаџерското освежување. Хак ќе одговара директно пред де Мео, што значи дека ќе работи целосно независно од шефот за развој Жил ле Борн.

>>> Peugeot презеде кадар од Renault-Nissan да раководи со маркетингот

Целата моделска понуда на Renault на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваMcLaren Speedtail му вредеше три милиони долари на новиот сопственик
Следна објаваРабота не се завршува со добра фотелја, туку со добар камион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here