Peugeot презеде кадар од Renault-Nissan да раководи со маркетингот

Брзо по почетокот на продажбата на новата генерација на Peugeot 308, како важен модел што го почнува следниот круг новини во марката со лавот, менаџерскиот тим на Линда Џексон добива важно освежување.

Фил Јорк е новиот директор за маркетинг и комуникации во Peugeot, со одговорност директно пред Линда Џексон, извршната директорка на марката Peugeot. Менаџерот на возраст од 52 години претходно извршуваше раководни функции во повеќе автомобилски концерни, вклучувајќи работа за марките Infiniti, Renault и Fiat.

Богатото искуство на Јорк во подрачјето на стратегија на бренд, маркетинг и комуникации, заедно со искуството во работа на меѓународно поле, со ангажмани во Јапонија, Хонг Конг, Обединетото Кралство, Хрватска и Франција, ќе има клучно влијание врз натамошниот развој на марката Peugeot на светскиот пазар.

Досегашниот директор на маркетинг Тиери Лонциано понатаму ќе биде одговорен за марката Peugeot на важниот италијански пазар.

>>> Пикапи на Peugeot возеа 17.000 km до Ушуаја, најјужниот град во светот

 

Претходна објаваАмерика лани купувалa повеќе Toyota отколку General Motors
Следна објаваCitroen е на свој терен на саемот CES во Лас Вегас

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here